Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Откриен ген кој го штити срцето Пон Дек 15, 2008 12:59 pm | |
| Откриен ген кој го штити срцето Мал број на луѓе се носители на генот кој ги штити од негативните ефекти на масната храна, но и од срцеви заболувања, открија научниците. Оваа генетска мутација го забрзува разложувањето на мастите во крвта, кои пак придонесуваат за задебелување на артериите, еден од првите знаци за настанување на срцево заболување. Доколку научниците откријат како функционира овој ген, тогаш овие сознанија би можеле да помогнат во развојот на лек кој ќе им помогне на лицата со срцеви заболувања. Истражувачите откриле дека носителите на оваа генетска мутација во крвта имаат повеќе „добар“, отколку лош холестерол. Овие лица помалку страдаат од артериосклероза, болест при која крвните садови ја губат својата еластичност. „Истражувањето покажа дека оваа генетска мутација ги штити луѓето од срцеви заболувања. Овој ген го блокира производството на хемиската супстанца која ги задржува мастите подолго време во крвта. Без оваа хемикалија, мастите многу побргу се движат во крвните садови. Откривањето на мутацијата може да ни помогне да развиеме нова терапија која ќе ја спречи ваквата појава“, вели доктор Тони Полин, кој раководеше со истражувањето. |
|