Тешко е да се одолее на сите тие новогодишни колачи на неизоставните семејни ручеци, а резултат се несаканите килограми. Ви предлагаме решение и тоа многу едноставно
По 161 неуспешни обиди со сите оние диети кои и не ги памтите а се само заради неколку килограми отповеќе, од се ви е доста, освен од храна и слатки, секако. Дома не сакате да видите вага, ниту пак во околината. Новогодишниот фустан од пред три години сте го подариле бдејќи повеќе не ве собира.
Главата горе. За оваа диета не треба многу откажување туку само добра воља а при тоа ќе уживате. Ќе трчате наоколу по она што ви треба а кога ќе го најдете наградата нема да изостане.
Значи, се започнува со шопинг. Ионака постојано ќе сте по продавниците во потрага по поклони за да ги развеселите најбкиските а патем можете тоа да си го направите и на себе. Дозволете си „секси облека“. Тоа може да биде комплет на госпоѓа Мраз, кој ќе го облечете додека ја украсувате елката. Кога вашиот избраник ќе ве погледне во него ќе ви се придржи и да не го змаолите, а потоа искористете го креветот за испробување на нови пози.
Ако преферирате бела нова година тогаш изберете „бела секси магија“ која машкиот род гособорува од нозе. А со оглед на тоа дека празниците со себе носат и празнични честитки ваков комплет е создаден за домашните работи како минување со правосмукалка, бришење прозорци и иење садови. Бидете вниматели при бришењето розорци ако соседот отспротива е малку постар господин.
Освен што со истењето ќе согорвате калории, станот ќе блесне, вие ќе се чувствувате одлично, партнерот со задоволство ќе ви помогне во средувањето а и во онашто потоа следува. Сексот.
Илиза новогодишната ноќ изберете црвена секси облека ако сте меѓу оние кои веруваат дека тоа носи среќа во љубовта, а и ако не сте. Ќе се чвствувате секси и посакувано, а и вашиот најдраг ќе биде одушевен. Со тоа одат и жешки игрички и секс, а килограмите се топат.
Во моментот кога партнерот ќе сака да ви даде новогодишен подарок направете го тоа на оригинален начин. Набавете голема кутија. Облечете секси облека и заедно со подарокот излезете од кутијата. Дофрлете му го подарокот а потоа изведете стриптиз за кој сте се подготвувале со денови, вежбајќи ја вашата точка на изненадување, кога тој не бил дома.
И секако, тоа не е се. На крај дозволете си убав секс.