Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Вести:Македонските студенти протестираа во Брисел Пон Јан 26, 2009 8:22 pm | |
| Македонските студенти протестираа во Брисел Македонска студентска делегација од 50 члена денеска протестираше пред зградата на европската комисија за што поскоро укинување на визите. Со поставување ограда што ја претставува границата тие покажаа како се чувствуваат македонските студенти поради високиот шенгенски ѕид изграден околу Македонија. Протестот е во рамки на акцијата „Виза! Нема шанса!“ што ја спроведоа група од 40-тина младински здруженија и студентски организации. Поддршка и солидаризирање со барањата на идните македонски академици е најавена и од меѓународните студентски организации во Европа. На 27. јануари македонската студентска делегација своите барања за што поскоро укинување на шенгенскиот визен систем ќе ги пренесе и во кабинетот на еврокомесарот за проширување Оли Рен. Според оценките на ЕК, Македонија е најнапредната земја во сферата на исполнување на условите за визна либерализација од земјите во регионот. Македонските власти очекуваат по завршување на оценските мисии во текот на годинава, а до крајот на 2009. одлуката за укинување на овој систем да помине низ сите инстанци во ЕУ. Извор:studenti.com.mk |
|