Гостин Гостин
| Предмет: Астрономија: Лулин доаѓа! ! ! Пон Јан 26, 2009 9:10 pm | |
| Сончевиот систем има нов гостин - кометата Лулин, која во февруари би можела да се види со голо око. Одберете локација и погледнете го гостинот од длабоката вселена сега - или чекајте 1.000 години до наредната средба. Кометата Лулин е откриена во 2007 година, но дури сега патува во внатрешните делови на нашиот сончев систем. Специфична е бидејќи се движи по еклиптичната рамнина како и сите планети, но во обратна насока. Лулин веќе ја помина точката перихелион (најблиску до сонцето), но најблиску до Земјата ќе биде на 24-ти февруари, па тогаш и ќе биде најсјајна гледано од нашата планета. Нема опасност од удар бидејќи во тој момент кометата ќе биде на оддалеченост од 0.41 АЕ (астрономски единици - просечна оддалеченост на Земјата од Сонцето), односно 14.5 пати поголемо растојание од дистанцата меѓу Земјата и Месечината. Кометата Лулин моментално се наоѓа во соѕвездието Вага, а во средината на февруари ќе биде во Девица. Тоа значи дека најдобро ќе биде да се набљудува во раните утрински часови, пред излегувањето на Сонцето. За полесно снаоѓање на небото ви го препорачуваме програмот Стелариум. |
|