Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Здравје:Грип (influenza) Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Здравје:Грип (influenza) Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Здравје:Грип (influenza) Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Здравје:Грип (influenza) Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Здравје:Грип (influenza)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Здравје:Грип (influenza) Empty
ПишувањеПредмет: Здравје:Грип (influenza)   Здравје:Грип (influenza) Icon_minitimeПон Јан 26, 2009 9:58 pm

Грип (influenza)

Здравје:Грип (influenza) 20090126_Influenzag
Грипот е најмасовното заразно заболување кое се јавува во овој период од годината, а се должи на наглите временски промени (разликата меѓу утринската и вечерната температура) и зголемената влажност. Претставува сериозен здравствен проблем што ги преокупира луѓето, особено во урбано развиените средини. Секоја година голем број граѓани се се исфрлени од секојдневните обврски поради проблемите што ги наметнува грипот.Се шири со невероватна брзина, при што може да биде зафатено 30-40% од вкупното население. Може да бидат зафатени повеќе соседни земји или пак два и повеќе континенти.

Заболувањето е предизвикано од различни видови типови на инфлуенца. Познати се типовите А, Б и Ц класика. Се манифестира по инкубација од 1-3 дена, а започнува нагло, со висока температура, треска, потење, болки по телото, главоболка,истоштеност. Една од најголемите компликации е запаление на белите дробови (бронхопнеумониа), која кај постари лица и деца може да заврши со смрт. Во некомплицирани случаи болеста трае 3-5 дена. Извор на зараза е инфициран човек, а болеста се пренесува воздушно - капков пат (преку кашлање, кивање, гласно зборување).
Здравје:Грип (influenza) 20090126_Influenza1
При појава на заболување, болниот се изолира и лекува домашни услови. Се препорачува пиење на течности (сокови, чаеви, негазирани пијалоци), витамин Ц, аспирин. Најважно е мирување во постела без физички напрегања. Во случај на појава на компликации се применуваат антибиотици, но само по препорака од лекар.
Од мерките на превенција се препорачува вакцина која се дава пред сезоната на грипот кај одредени категории луѓе: лица со хронични белодробни и срцеви заболувања, со шеќерна болест, хронични заболувања на метаболизмот, бубрежни болни, како и здравствени работници, шалтерски работници, работници во јавни служби и лица постари од 65 години.
Заштитна мерка во превенцијата е да се избегнува групно собирање во затворени простории и често проветрување и загревање на просториите.

д-р Ристе Јовановски
спец. епидемиолог
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

Здравје:Грип (influenza)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Web-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions