Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Empty
ПишувањеПредмет: [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP   [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Icon_minitimeВто Јан 27, 2009 1:16 pm

Инсталирање на Windows XP

1. За да започне инсталацијата потребно е да ставете бутабилно CD и да го рестартирате компјутерот. Сега за да започне инсталацијата во BIOS-от треба да подесете First Boot CD-Rom. Во BIOS-от влегуваш така што при стартувањето на компјутерот ќе претиснеш DEL(Delete копчето над стрелките на тастатурата) и ви се појавува BIOS-от. Сега го пронаоѓате табот BOOT и таму имате да изберете First Boot или Secondary Boot, но воглавно на кој boot ти е CD-ROMот кликнете на него и претиснете на плусот (+), постави го CD-ROMот на First Boot, и откако ќе го сториш тоа претисни F10, па на YES и ќе се рестартира компјутерот.

2. После рестартирањето компјутерот Windows-от повторно се подига и на екранот ќе добиете порака „Press any key for boot from CD...“ и кликнете на некое копче од тастатурата(пример: ENTER). Сега ќе ви се појави плав екран и нешто се копира(сега ништо не фаќај).

3. Сега ти се појавува нова содржина, на која пишува дали сакаш да: (види слика)
1) Инсталираш Windows (ENTER)
2) Да го поправиш (R)
3) Да ја прекинеш инсталацијата(F3)
Вие пошто сакате да инсталирате, претиснувате ENTER
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 5d7729

4. На следниов текст (види слика долу) пишува нешто за Windows-от и кликнете F8 доколку се сложувате со наведеното (нормално доколку сакате да ја продолжите инсталацијата).
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 2ykeyiw

5. Следи постапката за да одредите на која партиција сакате да го инсталирате оперативниот систем. За да одберете, кликнете на таа партиција и претиснете ENTER.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 2zpqg06

6. На следниов прозорец треба да претиснеш C , затоа што е приметено дека веќе постои оперативен систем (колку е само паметен - нема слика )

7. Сега е време да ја форматираш таа партиција т.е да ги избришаш сите податоци од неа и имаш понудено да бираш помеѓу NTFS (quick или normal) и FAT (quick или normal).
Quick опцијата побрзо ја форматира, а normal побавно, но затоа има овозможено опција за детекција на т.н „bad sectors“ на хард дискот. Мислам дека подобро е да одберете “Format the partiotion using the NTFS file system“. (види слика)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Fucml0

8. Сега не фаќајте ништо, затоа што ја форматира(брише) претходната верзија на оперативен систем за да инсталира ХР на „најчист“ форматиран хард диск. (види слика)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 2ck18p

9. Сеуште одмараш бидејќи сега ги копира фајловите. (види слика)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP Wswzdx

10. Кога ќе заврши и со тој процес, повторно не фаќајте ништо и компјутерот ќе ви се рестартира.

11. Сега после рестартирањето повторно ќе ти се појави порака „Press any key for boot from CD...“, но овој пат не притискајте ништо, само гледај и уживај бидејќи компјутерот „сам„ ќе работи.
Напомена: Мониторот можеби ќе почне сам да ви се гаси, односно уклучува но немој да се потиш, мониторот ти е океј. (види слика)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 2em1zkk

12. После некое време ќе ви се појави прозорец „Regional and Language Options “ и тука се подесува тастатурата и кликнете на првото Custumize и кога ќе ти се отвори нов прозорец селектирај FYR Macedonian, кликнете на Apply, па на ОК и кликнете NEXT. (нема слика)

13. Кога кликнавте NEXT, сега ти се појавува прозорец каде треба да го напишеш своето име и името на организацијата(твоето име и името на компјутерот) и повторно идете на NEXT.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP 2ykakrc

14. Сега ќе ти се појави прозорец кај што треба да го напишеш Product Key-от, т.е серискиот број(можете да најдете на бадијала или да го прашате гугл (како што вика мојот професор по електроника)) и идеш NEXT. Потоа ти се појавува прозор кај што треба да напишеш лозинка(не e задолжително) и кликнувате NEXT. (нема слика)

15. Сега треба да го подесете времето и регионот т.е на Time Zone ќе ставете (GMT +1 Skopje (не сум сигурен дали има) но можете да изберете London или Belgrade). Кликнувате на NEXT.

16. Откако ќе кликнете NEXT ќе ви се појави нешто што повторно се копира и ќе ви се појави прозорец на кој треба да ја подесиш мрежата(network), но ти само кликај next, next, next... и после снимањето компјутерот ќе ти се рестартира, а ти како и обично не притискај ништо.

17. После рестартирањето на компјутерот немојте ништо да претискате и сега ќе ти се заблагодари Microsoft и ти кликни на Next и се појавува прозорец Help protect my computer и поставете на Recommended па Next на следниот прозорец, го пишуваш своето име и Finish.
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Windows XP

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Македонски и балкански варез :: Е-Книги и туторијали-
Отиди до:  
Free forum | Music | Dance, House, Electro | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions