Гостин Гостин
| Предмет: 67 отсто скопјани го сакаат Тоше место Александар Сре Фед 04, 2009 11:13 am | |
| Скопјани сакаат на плоштад Македонија да се подигне споменик на трагично загинатиот Тоше Проески, а не на Александар Македонски, кој Општина Центар најави дека ќе го постави во кругот со зеленило. Анкетата која Градот ја спроведе преку својата Интернет страницата: www.skopje.gov.mk и беше отворена до саботата, по иницијатива на градоначалникот Трифун Костовски да се постави споменик на Тоше во фонтана по примерот на римската фонтана "Ди треви", покажала дека од 3.109 анкетирани, за споменик на Тоше гласале 67 отсто. Против иницијативата на Костовски гласале 32 отсто, а еден отсто кажале дека не знаат чиј споменик сакаат да има на Плоштадот. :sliki: "Идејата на градоначалникот Плоштадот да се украси со споменик на човекот што беше симбол на љубовта, младоста, чесноста и на вербата ја поддржаа мнозинството граѓани, како преку анкетата така и преку телефонски јавувања во Градот. Тоа докажува дека скопјани се против решенија во деталниот урбанистички план 'Мал ринг', кој го донесе Општина Центар, односно дека решенијата се наметнати, избрзани и донесени без јавна дебата", велат од Градот. Градските власти иницијативата на градоначалникот на Плоштадот да се подигне споменик на Тоше место на Александар Македонски ја испратиле до Владата уште пред еден месец, кога стартуваа со анкетата, и дека се уште чекаат одговор дали ќе се прифати оваа идеја. Од Владата, пак, молк. Владиниот портпарол Шефик Дураки вчера не одговараше на мобилниот телефон. (Е.А.) Smilesky :postavil: |
|