Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: The Pirate Bay на суд Пон Фед 16, 2009 3:29 pm | |
| The Pirate Bay на суд:sliki: Цела низа на тужби, полициски рации и останати легални дела го прогонуваат The Pirate Bay од самиот почеток на неговото работење во 2003 година. Во текот на денешниот ден како што самите наведуваат најголемиот BiTorrent tracker на светот би можел да се најде на суд во улога на обвинет. Во март 2008 година тогаш популарниот TorrentSpy го означи крајот на своето постоење, а како што нештата во моментов изгледаат, истата “судбина“ му се пишува и на The Pirate Bay. Ако судот ја прогласи за виновна четворката (Fredrik Neij, Gottfrid Svartholm Warg, Peter Sunde Kolmisoppi и Carl Lundström) може да добијат по две години затвор како и парична казна. Обвинители во овој случај се Warner Bros, Entertainment, MGM Pictures, Columbia Pictures Industries, 20th Century Fox Films, Sony BMG, Universal и EMI, а покрај затворање на страницата бараат парична отштета во износ од 120 милиони шведски круни. Претставниците на The Pirate Bay во своја одбрана велат дека е вистина дека овозможуваат илегана дистрибуција на материјали кои имаат заштитени авторски права, но на своите корисници не им хостираат ниеден од тие наслови. Судењето според најавените очекувања би требало да трае околу 13 дена. |
|