Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Empty
ПишувањеПредмет: [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04   [ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Icon_minitimeСре Фед 25, 2009 9:28 pm

[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Ubuntu804_tnДенеска ќе видиме како да ја инсталираме најновата верзија на Убунту (8.04 - Hardy Heron), која ја препорачувам на сите почетници на Линукс како нивна прва дистрибуција. Туторијалот е објаснет во детали, со цел да може секој да го инсталира без разлика дали е експерт или почетник во областа на ГНУ/Линукс.


Прво да дадеме еден краток опис како успешно ќе ја завршиме инсталацијата:

1. Прво ќе влеземе во Live ЦД-то
2. Преку него ќе создадеме партиции кои ќе ни се потребни за инсталација
3. Ќе ја подесиме инсталацијата со опции како на пример Временската зона/видот на тастатурата итн.
4. Ќе ја завршиме инсталацијата

Значи, прво што треба да направите е да отидете во вашиот BIOS и да наместите да се бутира ЦД-ромот пред хард дискот. Откако ќе го направите ова, ставите го ЦД-то од Убунтуто во ЦД драјвот и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на информациите од BIOS-от, компјутерот ќе го побара првиот бутабилен медиум, кој во нашиот случај е наместено да е ЦД-ромот каде имаме бутабилно ЦД на Убунту. Откако ќе се прочита ЦД-то од драјвот ќе ни се појави оваа слика на мониторот:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img01
Значи овде одбираме јазик со кој сакаме да ни се гледаат опциите на првиот екран. Јас ќе одберам Англиски, вие можете и да продолжите и со македонски. Сега, поради тоа што ќе правиме партиции пред инсталација, ќе кликнеме на Try Ubuntu т.е. Првата опција. Доколку веќе имате направено партиции можете директно да кликнете на Install Ubuntu и да го прескокнете делот за правење на партиции од овој туторијал. Откако кликаме на првата опција, ќе почне да ни се вклучува Убунту лајв системот, уклучувањето зависи од брзината на вашиот компјутер како и капацитетот на РАМ меморија која ја имате.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img02
Откако ќе се лоадира целиот систем, ќе ни се појави убунту десктопот(мојот е многу мал поради тоа што инсталацијата ја вршам во витруелна машина, но истата не се разликува од инсталацијата на вистински хардвер.):
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img03
Сега ќе го подготвиме нашиот хард диск со правење на 2 нови партиции врз кои ќе ни биде инсталиран нашиот Линукс. Прво ја покренуваме програмата за правење/модификација на партиции на хард диск од локацијата System > Administration > Partition Editor
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img04
Ќе ни се отвори прозорец како овој:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img05
Во средината тоа што го гледаме е нашиот хард диск и неговите партиции. Кај мене пишува дека е unallocated т.е. Дека е празен поради тоа што немам ништо инсталирано на него. Доколку имате веќе постоечки партиции на вашиот хард диск, следете ја оваа процедура за да намалите простор од некоја партиција кој ќе го искористиме за правење на нашите 2 Линукс партиции. Првин, кликнете на партицијата која сакате да ја намалите, потоа десен клик, Resize/Move, ќе ви се отвори прозорче со големината на вашата партиција, едноставно со влечење на десниот дел на партицијата ослободувате простор кој можете да го забележите во долните 2 квадрати. Минимално за Убунтуто ќе ни бидат потребни некаде околу 2-3 ГБ, јас имам хард диск од 5. Кога веќе имаме празен простор со кој можеме да работиме, ќе почнеме да ги правиме партициите. Ќе направиме прво главна партиција која ќе ја користиме како root партиција со mount point “/” која ќе е со фајл систем, ext3 и една SWAP партиција која ќе ни служи како некој вид на РАМ меморија, па кога ќе нема повеќе место за запишување на податоци во реалната РАМ меморија, дел од нив ќе се запишат во оваа партиција. Најдобрата големина на SWAP партицијата е двапати од големината на РАМ-от. Значи, на слободното место (во сива боја) кликаме со десен клик па одиме на NEW, и ја правиме партицијата едноставно со помош на влечење, значи ја намалуваме првата имајќи на ум дека треба на тоа место да направиме SWAP партиција. Овде треба да се напомене дека од второто (десно) мени треба да одбереме Filesystem: ext3
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img06
Кликаме Add, истото го правиме на останатиот простор само што овде за Filesystem ставаме linux-swap.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img07
Повторно кликаме Add. Сега откако ги направивме овие партиции, истите тие треба да ги запишеме на дискот. Кликаме на Apply копчето од менито со копчиња. Откако ќе кликнеме Apply ќе не праша дали сме сигурни за промените што сме ги направиле да бидат запишани на хард диск. Кликаме Apply и модифицирањето на хард дискот почнува со додавање на новите партиции:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img08
После завршувањето на сите операции ќе ни се појави ова:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img09
Сега, можеме слободно да излеземе од оваа програма. Од сега натаму имаме спремна партиција на која ќе го инсталираме Убунтуто. Откако ќе ја затвориме програмата од десктопот ќе кликнеме на иконката за инсталирање на Убунту т.е. Install. Откако ќе кликнеме на неа, ќе ни се појави водичот на инсталација, кој ќе не води до крајот на инсталацијата.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img10
Првото нешто што треба да направиме е да одбереме јазик на кој ќе се одвива инсталацијата и јазикот на финалниот систем, одберете го и кликнете Forward. Сега на следниов дел ја одбираме нашата временска зона со помош на стрелката од глувчето.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img11
Следно ја одбираме нашата тастатура, ако не сте сигурни за овој дел кликнете Forward и оставете се како што е.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img12
Понатаму, што треба да направиме е да ја одбереме партицијата на која ќе се инсталира оперативниот систем.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img13
Овде има неколку опции, како на пример, да го форматира цел хард диск и да го инсталира Убунтуто на цел хард диск, да го искористи неупотребениот простор од партициите или пак мануелно. Ние ќе одеме мануелно заради тоа што веќе ги имаме направено партициите. Значи одбираме Manual и кликаме Forward, потоа ќе ни се појави ова:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img14
Кај вас сликата можеби ќе е друга ако постојат други партиции, но нас не интересира само онаа на која во колоната type и пишува ext3. Кога ќе ја најдеме која е таа партиција, двапати кликаме на неа со што ќе ни се појави ова:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img15
Овде само треба да смениме 3 работи и тоа: Use as : Ext3 Journaling file system Format partition : Да Mount point: / Значи се на се да изгледа вака:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img16
Кликаме ОК и Forward. Следниот чекор е да го наместиме нашето корисничко име и лозинка.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img17
Овде јас ќе си ги внесам моите информации а вие внесете она што на вас ви е најдобро.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img18
Кликаме Forward Доколку имате Windows оперативен систем веќе инсталирано овде ќе ве праша дали сакате да импортирате некој јузер од него, но поради тоа што кај мене нема ништо на хард диск тој чекор се прескокнува. Значи следно имаме:
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img19
Ова ни е листата на сите работи кои сме ги направиле при водичот за инсталација. Сега сме спремни да кликнеме Install и да го инсталираме нашиот Убунту.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img20
Откако ќе се инсталира, ќе ве праша дали сакате да продолжите со користење на Live Cdто или сакате да го рестартирате компјутерот.
[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04 Img21
После инсталација, при старт на компјутерот ќе ви се покаже мени од кое треба да одберете кој оперативен систем да се уклучи. Значи ако имате друг оперативен систем, тој автоматски ќе биде детектиран и додаден во менито за избор при инсталација. Со среќа во користењето на Убунту.



Превземено од: [You must be registered and logged in to see this link.]

Туторијал од: Александар Лазаров ( Алекс - Aleks ) - LJOLJ !
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

[ТУТОРИЈАЛ] Инсталирање на Ubuntu Linux 8.04

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Македонски и балкански варез :: Е-Книги и туторијали-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Latest discussions