Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: PS3 им го загорчува животот на програмерите Вто Мар 17, 2009 6:52 pm | |
| Многу програмери се жалат дека изработката на игри за PlayStation 3 е прилично тешка, а поголемиот дел од вината паѓа на грбот на Sony кои пак признаваат дека намерно им го “загорчуваат“ животот на авторите на игрите. Пред две години Gabe Newell, од Valve, изјави дека изработката на игри за PlayStation 3, е беспотребно трошење на време, а слични изјави пристигнуваа и од бордовите на другите издавачки куќи. Најсвежиот пример пристигнува од Midway чиј извршен продуцент Shaun Himmerick изјави дека PS3 е во целосно непотребно малтретирање. Затоа им порача на колегите кои работат игри истовремено за PS3 и Xbox 360, да се концентрираат на PS3, бидејќи ако работи играта на неа ќе работи и на Xbox 360. Еден од главните луѓе во Sony, Kaz Hirai, во Official PlayStation Magazine за февруари изјави дека тие не сакаат да им ја олеснат работата на развивачите. Како што вели тој, не им треба конзола на која лесно се програмира бидејќи во тој случај секој би можел од хардверот лесно да го извади максимумот. Мора да признаеме дека ова е по малку чудна политика, бидејќи без добри игри конзолата слабо ќе се продава, што на компанијата би требало да и е познато токму по примерот на PlayStation 3. |
|