Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Неколку чекори повеќе за подобра линија Вто Мар 17, 2009 7:02 pm | |
| Стотина стомачни не се најбрз начин за симнување на стомакот како што ни вежбите за задницата нема преку ноќ да направат облините да се затегнат. Стручњаците за диета и фитнес упорно повторуваат дека масните наслаги не можат да се стопат за некој месец туку со вежбање и исхраната треба да се делува на целото тело,полека и постепено.Губењето на масните наслаги нема да е видливо на вагата но по неколку месеци сигурно ќе приметите дека облеката ви станала поширока.Програмот на вежби е вклучен во согорувањето на маснотиите но тоа ни најмалце не се прави преку ноќ. Но не е така напорно како што изгледа,често е доволно малку повеќе да одите отколку вообичаеното.Ако веќе вежбате а не приметувате резултати,пробајте малку повеќе да се испотите.Вежбате ли два дена во неделата пробајте три а ако обично трчате пола час продолжете на 45 минути или еден час. Со годините мускулната маса се намалува а метаболизмот се успорува.Со тоа немојте да очекувате дека ќе ја вратите фигурата како кога сте биле тинејџер.Но ако сте упорни може многу да постигнете. За согорување на мастите потребно е три пати неделно да вежбате а ако сте почетник разговарајте со одговорното лице во салата каде што одите да вежбате, за да ви даде програм на вежби за целото тело. Наместо шокантни диети подобро е да го промените вашиот начин на исхрана.Замене те ги вашите оброци со помали и здрави и набрзо ќе почнете да ја приметувате разликата. |
|