Раните заздравуваат, коските зараснуваат, болестите проаѓаат - добро, ова ни е познато. Но, зошто рака може да се движи сама од себе, зошто понеделникот е кобен, колку клетки умираат во минута?
Многу животни постигнуваат поспектакуларни резултати отколку што ние можеме: гуштерите можат да ги регенерираат скинатите опаши, морските ѕвезди и ракови своите краци, но и ние не сме лоши - читајте:
Вашата рака може да се движи сама од себе
"Непослушна рака" за која во стручната литература се користи називот „Alien Hand syndrome“ или во превод "Синдром на туѓа рака" е необичен невролошки синдром при кој раката на пациентот како да има сопствен мозок. До ова доаѓа поради оштетување на средната фронтална моторна регија на мозокот и често е последица на операција на мозокот, мозочен удар или воспаление на мозокот.
Болниот нема никаква контрола над движењата на "туѓата рака", ниту има свест за постапките на раката и ја чувствува како да не е негова. Од време на време, раката може да прави комплексни движења, а болниот воопшто да не е свесен за тоа. Не постои никаква позната метода за лечење на овој синдром.
Може да се живее и без голем дел од внатрешните органи
Човечкото тело може да живее дури и по отстранувањето на слезенката, бубрезите, едното белодробно крило, 75% од црниот дроб, и 80% од цревата.
Контракцијата на срцето создава притисок кој е доволен да исфрли крв и до 10 метри
Ерекцијата е возможна и по смртта
До ваквата ерекција доаѓа кога мажот ќе умре во вертикална положба или со лицето свртено надоле, доколку телото остане во таа положба.
Инфарктот најчесто се случува во понеделник
Истражувањата покажуваат дека 20% повеќе од луѓето умираат во понеделник споредено со било кој друг ден. Се смета дека тоа е последица на прекумерното консумирање алкохол за време на викендот и стресот поврзан со новата работна недела.
300.000 клетки во телото умираат секоја минута
Можеби звучи како многу, но тоа всушност е 0,0001% од вкупната количина на клетки кои се надоместуваат во телото на човекот секојдневно. На пример, клетките кои ги сочинуваат цревата се менуваат на секои неколку дена, оние на мочниот меур на секои два месеци, а нашите црвени крвни зрнца на секои четири месеци.
Децата имаат повеќе коски од возрасните
Кога ќе се роди, детето има 300 коски. Кога ќе ја достигне зрелоста, има само 206. Ова се случува поради тоа што малите коски со тек на време се спојуваат и формираат поголеми и поцврсти коски.
Косата е скоро неуништлива
Освен доколку не се запали, косата на човекот се распаѓа толку споро што е речиси неуништлива. Можеби изгледа кршливо, но косата не може да ја уништи студот, водата, промената на климата, сите други сили на природата, а отпорна е и на многу киселини и корозивни хемикалии.
Човекот може да преживее без храна, но не и без сон
Просечниот човек може да преживее еден до два месеци без храна, но само неколку непреспиени ноќи кај човекот ќе предизвикаат радикални промени. Рекордот во неспиење изнесува 264 часа.