И сексуалниот живот има свои подеми и падови, периоди на страст и затишја. Сето тоа зависи од годините, односот со партнерот, нивото на самодоверба, но постојат фази во сексот кои секоја жена мора да ги помине.
Така освен фазата на страст и заљубеност, во која не си ги тргате рацете еден од друг, ќе дојдат и фазата на удобен секс, но и фазата без секс. Веројатно ќе ја доживеете и фазата на пробување нови работи.
Еве неколку фази кои секако ќе ги поминете:
Адолесцентска фаза или фаза на заљубеност
Ова е фаза во која го губите разумот и целосно се препуштате на чувствата. Обично се случува на почетокот од новата врска, а полна е со секс, интимност, страст. Можете да ја доживеете на 19, но и на 35 години.
Фаза – ’нова поза’
Веќе сте испробале се` и сакате да си го зачините сексуалниот живот. Долго сте заедно, се чувствувате слободно и се обидувате да си ги остварите фантазиите кои не би се осудиле да му ги кажете на било кој. Во оваа фаза веројатно ќе испробувате нови локации, движења, секси играчки. Ќе настојувате да го зголемите возбудувањето и сексот да го доживеете со сите сетила.
Фаза во која жалите за нешто што сте пробале
Своевремено поради партнерот или од љубопитност сте се согласиле да направите нешто од што сега ви се крева косата. Балансирање измеѓу забрането и општествено прифатливото однесување, помеѓу разумот и страста, не е секогаш лесно. Простете си себеси ако сметате дека сте ја преминале таа граница и повеќе никогаш не правете нешто против своја волја.
Фаза - секс на брзина
Немате секогаш време за палење на свеќи, подготвување на мирисни купки или за долги предигри. Добриот и стар секс на брзина во згуснатиот распоред би можел едно време да стане правило. Зошто да не? Жестоко, брзо и ефективно.
Фаза - удобен секс
Сексот на филм обично е експлозивен, страствен, енергичен и животински. Во фазата на удобен секс токму таков секс би можел да ви набие комплекси, бидејќи ќе ви изгледа со километри далечен. Не очајувајте – во долгите врски луѓето развиваат посебен однос, во кој не се потребни повеќе зборови, едноставно ја знаете тајната како еден со друг да се задоволите и што најмногу сакате.
Сексот повеќе не е само страст, туку длабока интимност. Ако сепак ви се допаѓа фазата на заљубеност, надевајте се дека после оваа фаза повторно ќе влезете во некој возбудлив период.