Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Лубеницата еднаква на вијагра Вто Апр 14, 2009 7:26 pm | |
| Лубеницата предизвикува ефект еднаков на оној кај вијаграта, велат истражувачите. Парче сочна лубеница содржи цитрулин, кој може да предизвика да се создаде супстанца која ги опушта крвните садови. Цитрулинот реагира со ензимите во човечкото тело кога се консумира во големи количини. Потоа оваа супстанца се претвора во аргинин- амино киселина која е поволна за циркулацијата и имунолошкиот систем. Истражувачите од A&M's Fruit and Vegetable Improvement Center во Тексас, велат дека лубеницата може да биде одличен начин за опуштање на крвните садови без користење на било какви апчиња. Како и да е, научниците велат дека оние кои земаат вијагра не треба да очекуваат исти ефекти од лубеницата, затоа што вијаграта е органски специфицирана. Органскиот состав на цитрулинот е амино – киселински. Името е изведено од цитрулус односно латинското име за лубеница. Пациентите со ревматски артрит често имаат антитела против протеините кои содржат цитрулин. Иако потеклото на оваа имуна реакција не е познато, детектрањето на антителата кои реагираат со цитрулинот содржат протеини или пептиди кои помагаат во дијагностицирањето на ревматскиот артрит. Цитрулинот во облик на цитрулин малат, се користи како додаток во исхраната на бодибилдерите, за што се вели дека ја намалува исцрпеноста на мускулите. |
|