Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Разно:Село со 250 пара близнаци Вто Мај 12, 2009 10:16 pm | |
| Докторите и научниците веќе долго време се обидуваат да откријат во што се состои тајната на индиското село во кое живеат 250 пара близнаци, пишува Telegraph. Процентот на близнаци во селото Kodinhi во Kerali е шест пати поголем од светскиот просек на раѓање на близнаци. Само минатата година во ова село се родиле 15 пара близнаци од кои сите се потполно здрави, а во последните пет години во селото се родиле дури 60 пара близнаци. Феноменот на раѓање близнаци во ова село не е разјаснет, а научниците тврдат дека со детална биохемиска анализа на ова подрачје би можело да се открие зошто рагањето близнаци е толку честа појава. „На некој начин би сакал да ставам во епрувета малку плодност од ова село и да им ја однесам на оние парови кои не можат да имаат деца. Можеби се раѓаат близнаци заради одреден вид на храна или пијалок кои селаните ги конзумираат, но повторувам дека без детална анализа не можеме да тврдиме ништо од тоа“, изјавил локалниот доктор Krishnan Sribij. Оваа појава во селото е забележана три генерации наназад, а селаните се сеќаваат дека пред тоа не било вака често раѓањето на близнаци. |
|