Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Здравје: Тесните фармерки опасни по здравјето Вто Јун 02, 2009 9:07 am | |
| Тесните фармерки, кои неколку сезони се ултимативен моден тренд, може да предизвикаат здравствени проблеми и кај двата пола. Додека ги носат своите омилени претесни фармерки, модните жртви го губат чувството во нозете и страдаат од мералгија парестетика, односно губење на осетот во надворешниот дел на бедрата, кој предизвикува притисок на дел од феморалните(бедрените) нерви во пределот на препоните. „Синдромот на умртвени бедра“ се јавува поради постојаниот притисок на бедрените нерви, а во случајот на модните жртви виновникот за притисокот се тесните фармерки. Симптомите најчесто ги чувствуваат оние кои поради работата носат тесни ремени или облека, како на пример полицајците, градежните работници, трудниците и жените со вишок килограми, но најмногу се забележуваат кај младата трендсетерска популација. Опасноста по здравјето се зголемува доколку тесните фармерки ги носите во комбинација со високи потпетици кои придонесуваат карличниот дел на телото да оди уште понапред, што дополнително ја влошува целата ситуација. За среќа, лекарите велат дека умртвеноста е привремена и може целосно да се ослободите доколку носите поширока облека. Тоа значи дека удобноста е клучен фактор. Како инспирација може да ви послужат модните икони помеѓу првите дами, Мишел Обама и Карла Бруни, кои буквално не се одвојуваат од омилените балетанки. Сепак доколку сакате да ги истакнете нозете во тесни панталони, тогаш фармерките заменете ги со хеланки. |
|