Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Empty
ПишувањеПредмет: Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?!   Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Icon_minitimeВто Јун 02, 2009 10:16 am

Пред да почнете со читање, земете некоја таблета лексилиум, ради евентуално добивање на шок, од потресната приказна за двајца другари....,
Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?! Cele-i-rampo
Па вака, се започна откако се роди во Битола, едно типче по име Целе.
Целе беше многу галено дете,родителите си го гледаа како добитно ливче на бингото на игор Џамбазов.Уште како мал беше ранет со мајчино млеко, а подоцна со кравјо од домашниот имот на татко му.Годините си врвеа, а Целе си растеше.Сега веќе е осмо одделение, учи во Коле Канински, и со нетрпение го очекува крајот на учебната година, нестрпливо ја очекува разделбата од неговите мизерни другари, и да ги заборави лошо варосаните ѕидови на старото школо.Целе уште како мал, имаше навика да се дружи со синови и ќерки на директори од високи компании, (Не Екс директори,нормално)!
Секогаш излегуваше во најКУЛ места во битола, секогаш со презир погледнуваше на Порта Џез и Хард Рок,и обожаваше да се мие со Wash&Go шампон.најголема желба уште како мал му беше кога игра пикадо , да го погоди центарот,кој досега ниту еднаш не успеал, (каква судбина!),никогаш не се возеше со градските автобуси (таму само селјаци се возат) туку си имаше свое такси во кое седеше на предното седиште.
Секогаш нарачуваше пица од познатото место БУРЕ, а во никој случај од останатите пицерии.Имаше “најфраерско” фризурче во цел град, за кое што вистинскиот виновник беше неговиот комшија кој штотуку го заврши курсот за бербер.Кога слушаше музика, слушаше со едно уво, додека пак другото му беше зафатено чепкајќи го со неговата рака, која воедно пак му беше неговата најголема страст да го чепка неговото уво.Накратко тоа беа неговите особини кои го красеа....Полека,но сигурно веќе се приближа крајот на учебната година,целе веќе имаше спремано гардероба со која би блеснал на полуматурата и би ги заслепил со задоволство неговите мизерни другари,кои не беа како него , затоа што не слушаа цеца.Полуматурата им помина скромно,но за целе незаборавно затоа што имаше можност цела ноќ да слуша Цеца.Да напоменам цеца беше неговата најомилена пеачка кој доттогаш ја имаше слушнато (иако немаше поим за ништо друго).
Целе одлучи каде ќе го заврши средното образование,а на тоа прашање веднаш одговори- ЗЕМЈОДЕЛСКО! Се запиша,каде што беа сите негови другари од негов ранг, кои се ценаа во големата репутација што ја стекнале до осмо одделение, и можеше по цел ден да си раскажува пред школскиот двор за сите негови Кул-пијанства по сите кафеани,и слично.
Школската година веќе почна , а целе си најде неколку другарчиња со рејтинг нешто помал од неговиот но доволно да може да се дружат со него.
Но најмногу се дружеше со неговото другарче од клупата (иако беше од оризари) Рампо.Целе и рампо станаа најверни другарчиња,секогаш си позајмуваа стило, дури и лист од средината на тетратката, иако беше голем луксуз да се позајми тоа парче хартија.Открија една заедничка особина, која ги влечеше,која ги одржуваше во живот,и им даваше сила да го поминат целиот ден радосно и весело.Се разбира тоа беше пак цеца, и на рампо му била неговата најомилена пеачка.Секојдневно го слушаа нејзиниот милозвучен глас кој потсеќа на старо фиќо кое вергла постојано,или пак на мелодичниот глас на краставата жаба-Крекачка.
Имаа навика да одат по некогаш до кај бугарите од каде го купуваа нивниот најомилен парфем,парфем чиј мирис би го убил секое хлорофилно растение на растојание од 10 километри , и не би го оставил без здив ниту пак човечкиот род.Се разбира тоа беше тајната на нивниот успех, затоа пак тие беа толку добро парфимирани, што понекогаш човек имаше потреба да се оддалече и еден километар кога разговара со нив.Нивниот изглед се засноваше во добро познатата марка ТРЕНЕРКИ АДИДАС,и скапите патики ШАНГАЈКИ кои дефинитивно не би ги соблекле никогаш.
За време на гозбата, на големиот одмор, додека ги јадеа нивните најомилени главни јадења-Топли пирошки премачкани со кечап и мајонез,долго стоен, ладен и сув, со цел да ги задоволи вкусовите на целе и рампо.Купуваа од двајцата дебели продавачи, кои држат добро позната фирма, само уште нема добиено име.За време на големиот одмор се случуваше да здогледаат некоја згодна девојка,која блескаше на сонцето,се разбира блескаше затоа што само заради доаѓањето во школо,девојките ги миеа нивните раце кои по цел ден беа зацрнети со тутун и кал.Целе и Рампо им намигнуваа на девојките,мрдајќи ги нивните гајтан некубани веѓи и гурелави клепки.Немаше девојка која не би останала без здив, па дури и кравите од блиската штала,понекогаш се огласуваа со силно мукање во знак на благодарност за добро исчистената штала и богатата трпеза со силажа за која беа задолжени Рампо и Целе.Заедно научија и да возат Трактор, што за нив беше сон, но сега веќе е минато.Рампо и Целе беа најдобрите Трактор-Возачи и без проблем би се пријавиле на било кое тракторско Рели кое се одржува во широките ливајѓе во блиските битолски села.
Но тие така безгрижно и лесно врвејќи ги школските не знае што ги очекува во наредниот ден.И дека тоа ќе ги промени нивните животи.
Стигна писмо до директорот на земјоделско, Јоцо БелоБрковски,во кое пишуваше дека некое од локалните села, кое изобилувало со екстремно широки ливајѓе, организира Тракторијада,односно тракторско рели, и дека може да пријави 2 ученици од неговото училиште.Широкото лице на директорот одма направи една голема насмевка,на челото се појавија големи солени (со јодирана сол) капки пот,кои пак се стркалаа врз писмото,и го замаглија последниот дел па и не успеа да го дочита.
Но големата насмевка веднаш се смени во страшно-ајдутска фаца,и се мислеше кој да ги пријави.Веднаш слезе долу кај шталите и наблјудуваше.Баш во тој ден беа на пракса Целе и Рампо, кои пак го изнесуваа гнојот од шталите на нивните најомилени домашни животни кравите.Целе возеше, а рампо беше качен во приколката и пазеше да не испадне ни најмала количина од гнојот.Директорот полека наблудувајќи забележа како Целе прави каскадерски маневри со тракторот, кои пак беа доволни да бидат викнато во канцеларијата на директорот.
Во канцеларијата директорот им го прочита писмото, до каде што можеше да се чита додека останатиот дел беше премачкан со превртен филџан кафе, од кој секојдневно се предвидуваше судбината на директорот.
Целе и Рампо среќни за ова, се ослободија од часови,и целиот ден го поминаа во планови кои најнови финти да ги изведат во ливајѓето.Се разбира тоа не беше проблем за нив, беа полни со финти како лепешка со протеини.Целе и Рампо се појавија на договореното место, со нивниот трактор, се паркираа до останатите натпреварувачи,и го очекуваа извикот на организаторот.Одеднаш се слушна Шибај Бамујааааа! Се слушна тракторско брмчење и се појави огромна количина на чад, од кој сите се закашлаа добро.Откако исчезна чадот не се гледаше веќе ниту еден трактор.
Прв,круг водеа Целе и Рампо,но вториот круг водеше нивниот Не-Пријател од соседното село кој имаше поголем трактор од нивниот.
Третиот и четвртиот круг водеше Целе,за во финалниот круг да заврши како победник.Не му се веруваше ни на директорот, ниту на организаторите,но сепак беше реално.Целе и Рампо победија.
Еуфоријата се зголемуваше, настапапи мала тишина додека организаторот одржа мал мизерен говор што го учел во средно,и на Целе и Рампо им беше доделена Златна Тракторска Гума, која им ја ставија околу врат.
Се слушаа аплаузи, врикотници и тие само останаа со насмеани лица.Ни пред новинарите не знаеа што да кажат.
На ова големо дело, директорот реши да ги почесте во неговата канцеларија, со по една шолја кафе, од кое ќе им ја прочита судбината секретарката.Директорот рече заради победата дека ќе им исполне по една желба, иако не беше волшебник од волшебна ламба, ама беше пак Директор во Земјоделко училиште !
Целе и рампе не размислуваа многу долго за нивната желба па едногласно одговорија-САКАМЕ ДА ЈА ГЛЕДАМЕ ЦЕЦА!!
Директорот се согласи дека ќе им ја исполни желбата а тие пак пресреќни, со тракторската гума што ја добија на натпреварот, се пофалија на нивните школски другарчиња.
Директорот размислуваше и размислуваше, што да прави,но и за него имало спас.Разбра дека цеца имала закажано концерт во Битола за една недела, па им набави 2 карти и им кажа дека само за нив ја донел цеца во битола.Целе и Рампо едноставно не знаеа што да прават.Ова беше крајно андреналински шок за нив, ваква еуфорија и ваква среќа не ги обзела ниту кога прв пат седнаа на трактор, па ниту кога прв пат видоа полугола женска на плажите на преспанско-тињестата област.
Андреналинот растеше, еуфоријата уште поголема, но за нив тоа беше премногу.И како што се вели многу арно не е на арно, па така Целе и Рампо едноставно паднаа во кома.Директорот избезумен повика брза помош, а подоцна по 2 часа од болницата констатираа дека ќе мора да останат во болница на понатамошно лекување, заради нервен шок.Последиците од тоа беа катастрофални , а што беше покатастрофално од нив да не ја изгледаат цеца? Сепак имаше и нешто полошо , а тоа беше кога докторите констатираа дека поголем дел од нивното сеќавање, особено она што им предизвикувало возбуда, ќе биде избришано од нивниот мозок, а она што им предизвикувало гадење ќе им стане највозбудливо и најубаво.Така и се случи.За една недела се вратија Целе и Рампо во школото но многу сменети.Тие имаа болест на речена Цецо-Манијакис,од која се поболува доколку сте преголеми фанови на цеца.И ќе почнете она што сте го мразеле да го сакате, и обратно она што сте го сакале да го мразитге и да го заборавите.
Целе и Рампо се појавија во многу поинаква гардероба од нормалната,Адидас Тренерки и Шангајки како што идеа.Беа облечени во Џинс Фармерки, Маниа патики, Тексас Џакет,и големи цвикери за сонце.
Нивната фризура беше поинаква од обичната само од неколку нагоре дигнати влакна.Сега има подолга, испеглана коса,кубани веѓи, и лице премачкано со Бејби Крема за лице.Од далеку се осеќаше мирисот на парфемот Malizzia.Седнаа во школската клупа каде и што се запознаа, и Целе го слече џакетот.Одеднаш нешто чудно блесна од него.А тоа беше една црна маица, испишана со големи застрашувачки букви МЕTALLICA!!
тоа е само ефект од болеста ЦецоМанија,и симптомот беше тоа што го мразеле да почнат да го сакат.А се сеќавате нели, дека поминувајќи покрај Порта Џез и Хард Рок, осеќаа некакво гадење, и повраќање, и постојано им беше страв да поминат покрај тие два локали, случајно нешто да не ги исплаши, а сега токму тие се она од кое се плашеа порано.
Целе и Рампо – РОКЕРИ? Па и тоа е можно уште откако си ги сменија имињата од Целе во Центар,каде ги запознаа нивните најдобри другарчиња рокери,и Рампо во Рамстор, по бутикот од каде ја купија нивната облека.
Ете како две зрна песок станаа два дијаманти во една пустина.
Сега Центар, и Рамстор се најпознати, во школото, и со нетрпение го очекуваат крајот на Срдното образование, со цел да заминат Скопје каде би продолжиле да се дружат со нивните другарчиња рокери.
Па да не заборавиме и за останатите, фирмата од која купуваа пирошки конечно доби име-Земи едно-плати две, кравите некое време очајуваа за нивните најомилени чистачи, се додека не се појави нов работник во шталата, траткторот ја доби и златната гума која ја освоија на натпреварот,а се разбира училиштето беше за прв пат во историјата на молерството, варосано со Дреџ боја , која беше одбрана по вкусот на директорот, со цел да го привлече вниманието на многу млади полуматуранти, од оризари, па до Брусничка.Па тоа е се…и сите среќно слушаа Metallica….,J

П.С. Поуката сами извлечете ја.......ме мрзи да ја барам kaј е напишанаJ
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

Приказна: Потресна приказна за двајцата другари...?!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Web-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions