Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Истрел (1972) [DW] Нед Апр 25, 2010 10:31 pm | |
| Истрел (1972) - Код:
-
Содржина
Младоста, чија храброст секогаш е без предрасуди, и во Скопје за време на бугарската окупација во Втората светска војна, сакајќи ја слободата за својот народ, се решава на низа акции, меѓу кои најголема е - атентатот врз бугарскиот полициски началник Емануел Мачков. По пристигнувањето на Емануел во началството, тој на своите агенти им наредува да обрнат големо внимание на младите од Дебар маало, Пајко маало и Чаир. Во меѓувреме, заради безбедно поминување на партизанскиот одред во близината на Скопје, во градот треба да се организираат низа помали акции кои би го свртеле вниманието на полицијата врз себе. Така другарите Дано, Доне, Игор и Боро преземаат акција на аеродромот, при што ги палат авионите. Како реакција, полицијата врши рација, собира само млади луѓе кои се изложуваат на големи мачења. Истовремено, партизанскиот одред при преминувањето на Вардар упаѓа во заседа. Момчињата му помагаат на ранетиот Мите Димов да ја избегне заседата и го пренесуваат кај Анѓа, додека Никола е отсутен. Полицијата ги претресува сите сомнителни куќи и го наоѓа ранетиот партизан во куќата на Никола. По тешки измачувања, без да признае пред полицијата, Мите е убиен. Поради убиството на Мите во градот се растураат летоци, железничарите свират со сирените, се затвораат дуќаните.
Месниот комитет решава да се организира атентат врз Емануел. На денот на атентатот момчињата ги заземаат своите места на улицата, пред куќата на Емануел, и по заминувањето на неговиот автомобил, тие го убиваат. По атентатот момчињата мораат да заминат од градот. Меѓутоа, при излегувањето од градот, поставена им е заседа и сите, освен Дано, гинат.
Резиме
Во извесен продуцентски расцут на филмот во Македонија во почетокот на седумдесеттите години се појавува и делото на Бранко Гапо „Истрел“. Аплицирајќи ги сите позитивни творечки искуства стекнати при работа на неговите претходни два филма „Денови на искушение“ и „Време без војна“, Бранко Гапо во „Истрел“ ќе се обиде да даде една безмалку рационална синтеза, која непосредно му ја овозможија неговите дотогашни резултати во бавењето со овој медиум. На неговите страствени заложби во изградувањето на што посилен емотивен набој на кадарот, овде ќе им се придружат уште и мошне промислената мизансценска композиција на дејството и грижливо доловената атмосфера на времето во кое таа се случува. Ова се, секако, не мали квалитети за едно филмско дело и Гапо успева да ги внесе во структурата на „Истрел“ како секогаш препознатливи експресивни елементи, но во крајна смисла, се чини, не секогаш воспоставува и вистинска функционална врска помеѓу нив.
Материјата, односно претекстот врз кој е граден овој филм, се мотивите од романот „Под усвитеност“ на современиот македонски прозаист Димитар Солев. Основниот акционен мотив, пак, што го поврзува целото сиже, сочинувајќи така едно интегрално сценаристичко ткиво, е автентичниот настан од времето на бугарската окупација. Се работи, имено, за подготовката и извршувањето на атентатот врз бугарскиот полициски службеник и познат конфидент Мане Мачков.
Врз основа на овој појдовен драмски мотив, ова филмско остварување ќе предизвика еден првичен драматуршки впечаток на класичен акционен филмски концепт, во чии рамки има место за определен психолошки третман на ликовите и настаните како и за едно панорамско претставување на еден сегмент од нашето револуционерно минато. Ваквата драматуршка мозаичност на никаков начин не му попречува на сценариото, а тоа како да му одговараше и на режисерското проседе на Бранко Гапо.
Во пристапот кон оваа сценаристичка материја, режисерот ќе се обиде да изнајде најповолен метод за нејзино приспособување, не кон тогашните творечки визуелни канони, туку кон сопствениот творечки темперамент. Разгледувајќи ја неговата постапка како извесен иновациски креативен модел на филмската реализација, а не како некој наметнат творечки императив, се соочуваме со творечката дилема на сите автори - учесници во реализацијата.
Снимателот Мишо Самоиловски успешно ќе го координира визуелиот стил на филмот со драматуршката концепција на сценариото, и со творечката постапка на режисерот. Ваквата успешна визуелна поставеност на филмот, кореспондира со вонредната функционалност на сценографијата, инаку дебитантска работа на академскиот сликар Владимир Георгиевски. Актерите, во најголемиот број, пристапуваат реалистички кон своите ликови, се разбира врз основа на реалистичката фактура на целата филмска приказна. Овде особено би требало да ги истакнеме актерските имиња: Ристо Шишков, Слободан Димитријевиќ, Дарко Дамевски, Драги Костовски, Мите Грозданов, Емил Рубен, Владимир Светиев, Кирил Ќортошев, Димитар Гешовски и Ненад Милосавлевиќ. Главните женски ликови во филмот се дадени, исто така, меѓу едно натуралистично видување на основната концепција на ликот и неговата по малку романтична проекција на филмското остварување. Ова особено се однесува за улогите на Неда Арнериќ и Мајда Тушар.
Награди
1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за снимателска работа на Мишо Самоиловски 1972 ФФ, Ниш, Голема повелба за актерско остварувања на Слободан Димитриевиќ
Автори
Режија: Гапо Ивановски Бранко Сценарио: Солев Димитар Директор на фотографија: Самоиловски Мишо Монтажа: Тасевски Спасе Главни улоги: Арнериќ Неда , Арсовски Петар , Деспотовски Питомир , Димитриевиќ Слободан , Рубен Емил , Светиев Владимир , Тушар Мајда , Шишков Ристо Споредни улоги: Автовски Никола , Ангеловски Шишман , Васовски Панче - Камшик , Видов Тома , Гешовски Димитар , Грозданов Мите , Дамевски Дарко , Исаја Јован - Јон , Колозов Ѓорѓи , Костовски Драги , Милосављевиќ Ненад , Попов Киро , Спиркоски Благоја - Џумерко , Стефановски Ацо , Ќортошев Кирил , Фелба Драгомир Музика: Ковач Корнелие Сценографија: Георгиевски Петар Костимографија: Тодорова - Младеновиќ Зорица Тон: Петковски Војне Монтажа на тон: Бељан Андреј Асистент на режија: Младеновиќ Зоран - Окан
Други улоги:
Ратко Гавриловиќ Миша Јанкетиќ Спасе Нелов
Други соработници:
драматуршка обработка -- Душан Зега; Света Лукиќ диригент -- Корнелие Ковач помошник режисер -- Душан Зега музиката ја изведува – „Корни група“ водач на снимање -- Панта Мижимаков директор на филмот -- Звонко Баковиќ екипа на филмот -- Саша Маркус; Драган Салковски; Ѓорѓи Василевски; Стево Црвенковски; Зоран Младеновиќ; Александар Затковски - Код:
-
http://rapidshare.com/files/378955077/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part1.rar http://rapidshare.com/files/378963604/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part2.rar http://rapidshare.com/files/378972245/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part3.rar http://rapidshare.com/files/379101977/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part4.rar http://rapidshare.com/files/379115792/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part5.rar http://rapidshare.com/files/379118503/ISTREL_1972.DVDRip.MKDaXXo.part6.rar Лозинка: - Цитат :
- [You must be registered and logged in to see this link.]
|
|