Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Photoshop [Туторијали] - Лекции Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Photoshop [Туторијали] - Лекции Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Photoshop [Туторијали] - Лекции Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Photoshop [Туторијали] - Лекции Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Photoshop [Туторијали] - Лекции

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Photoshop [Туторијали] - Лекции   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeЧет Мај 06, 2010 6:21 pm

Отсранете ја позадината на сликата

Цитат :
Ова е доста познат трик којшто секој треба да го знае. Овде ќе ве научам како да ја направите сликата транспарентна, бришејќи ја позадината од главниот дел и зачувувајќи ги сите детали од сликата(како на пример косата).

Чекор 1

Отворете ја сликата што сакате да ја обработите и кликнете два пати на "background" името во вашата палета за леери. Со ова направивте леер. Јас ја користев оваа слика:
Photoshop [Туторијали] - Лекции 1

Чекор 2

Отворете го extract tool: Filter>Extract

Photoshop [Туторијали] - Лекции 2

Чекор 3

1. Кликнете на marker tool - от, и заобиколете ја сликата којашто сакате да ја зачувата. Држете една половина од маркерот на сликата и една половина на позадината. За покрутите делови користете помала четка, а за подеталните како што е на пример косата, користете поголема четка.

2. Сега кликнете на bucket tool - от и пополнети го делот којшто сакате да го задржите. Кликнете на OK

Photoshop [Туторијали] - Лекции 3

Чекор 4

Доколку имате делови коишто ви требаат а се избришани, или коишто сакате да ги добришете користете history brush или eraser.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 4

Чекор 5

Во history pallette, кликнете веднаш до сликата пред extract-от. Селектирајте history brush.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 5

Чекор 6

Селектирајте мала четка и обојте ја позадината на сликата. Сега можете да ја ставите вашата слика на позадина по ваш избор.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 6 Photoshop [Туторијали] - Лекции 7


Последната промена е направена од Дарата на Сре Aвг 18, 2010 11:34 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Како да ја смените бојата на автомобилот!   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeНед Мај 09, 2010 9:06 pm

Како да ја смените бојата на автомобилот!

Цитат :
Во овој PhotoShop туторијал ке ви покажам како да ја смените бојата на автомобилот.
Како прво најдете некој автомобил по ваша желба.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 10psnsp

Потоа ја земате алатката Photoshop [Туторијали] - Лекции 179t6q и ја обележувате само површината на автомобилот т.е без гумите.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 2r23aww

Потоа одете Image->Adjustments->Variations.

Photoshop [Туторијали] - Лекции Bhx5av

И ја избирате бојата која сакате да ја има вашиот автомобил и кликнувате ОК...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 25rji20

Еве што добивате

Photoshop [Туторијали] - Лекции 2hx8rra


Последната промена е направена од Дарата на Сре Aвг 18, 2010 11:35 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Како да ја смените бојата на окото   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeНед Мај 09, 2010 9:12 pm

Како да ја смените бојата на окото

1. Зимаме некоја слика пример:

Photoshop [Туторијали] - Лекции Mtowrexgx

2.Потоа зимаме Elliptical Marquee Tool (M) и треба да го нанесеме на окото вака:

Photoshop [Туторијали] - Лекции Eyemt

3. Потоа Layer - New Adjustment Layer - Hue/Saturation и обележуваме исто како на сликата:

Photoshop [Туторијали] - Лекции Cdx5n0iei

4.И сега бираме која боја сакаме и треба да обелжиме Colorize... пример еве јас што направив:

Photoshop [Туторијали] - Лекции 21qj20fsf

5. И на крајот ми излезе оваа:

Photoshop [Туторијали] - Лекции Eyefin


Последната промена е направена од Дарата на Сре Aвг 18, 2010 11:35 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Интересен glow ефект   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeНед Мај 09, 2010 9:27 pm

Интересен glow ефект

Еве што сакаме да добиеме:

Photoshop [Туторијали] - Лекции 17

Овој туторијал ќе го започнеме со radial gradient, кој преминува од црвено-кафена во црна боја. Еве ги точните бои:
Foreground color - #922f00
Background color - #000000

Photoshop [Туторијали] - Лекции 1

Дуплирајте го layer-от. Во овој туторијал, потербен ни е прилично светол центар, па затоа ќе го одбереме blending mode-от на новиот layer на Color Dodge. Практично, постојат различни blending mode-ови. Некои затемнуваат, некои бојат, некои осветлуваат, а некои и превртуваат (invert) бои. Color Dodge е најверојатно најсилниот од оние кои осветлуваат. Како што можете да видите на сликата, произведува прилично светол центар.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 2

Сега за нашиот glow ефект би помогнало ако имавме позадина со убава текстура. Па затоа ќе направиме прилично зачадена позадина. За да го направиме ова, ќе направиме нов layer, и треба да ги имате поставено white, #ffffff, и black, #000000, селектирани како вашите background и foreground бои.
Потоа одете во Filter > Render > Clouds. Ова ќе ви даде некои разновидни облаци како на сликата.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 3

Сега, поддесете transparency на вашиот layer на 30%, а blending mode-от на Overlay. Во некои случаи, облаците би биле доволни, но ние сакаме уште повеќе да го зачадиме...
Затоа одберете Filter > Sketch > Chrome и користете ги default сетинзи од 4 и 7 за detail и smoothness соодветно. Всушност, можете да ги менувате ако сакате, но тековните сетинзи би ја завршиле работата.
Откако ќе завршите, резултатот ќе биде далеку позачаден (откако ќе има overlay на 30% transparency). Можете да го видите резултатот на сликата:

Photoshop [Туторијали] - Лекции 4

Пред да почнеме да правиме glows, треба да направиме нешто што ќе има
glow. Тука ќе го искористиме пенкалото (pen tool). Ако сте го користеле
порано, препорачувам да го користите него сега.
Всушност, ние сакаме да добиеме само некои убави криви. За среќа, тоа не
е претешко. Трикот е да не користите премногу точки. Користете го тоа
што пенкалото природно ќе ги витка вашите линии, и запамтете да влечете
со глувчето при точките за да добиете агли. Во S кривата покажана
подолу, искористени се само три точки, почетната, крајната, и една
помеѓу за да направам извиткување.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 5

Откако ќе направите убава крива, направете нов layer. Тогаш кликнете на
Paintbrush Tool (B) и одверете многу тенка, тврда четка. Тоа е од
причина дека меките четки се поматни, а цврстите се посолидни. Во
случајов предлагам дебелина од 3.
Можете да имате каква било боја одбрано, бидејќи ќе примениме layer
style
наскоро.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 6

Сега вратете се на пенкалото. Морате да ги смените алатките за следната
постапка. Тогаш притиснете десен клик и одберете Stroke Path. Мала
дијалог прозорец ќе ви се отвори како на сликата. Одберете Brush и
осигурајте се дека Simulate Pressure е штиклирано. Ова е важно бидејќи
ќе и даде истенчени краеви и тоа ќе влијае на изгледот.
Потоа пак кликнете со десен клик и одберете Delete Path.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 8

Сега треба да имате нешто како на сликата подолу - само една тенка
линија...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 9

Сега да ставиме малку glows. Најлесниот начин за ова е да направиме
нашите glows е со користење на layer styles. Практично, јас поставив два
glows. Првиот е Outer Glow, но бидејќи сакам и втор, ќе ги користам
поддесувањата на Drop Shadow за да истото стане glow (можеш да го
направиш ова со намалување на Distance и применување на blend mode-от во
нешто како Color Dodge). И исто така користев
Color Overlay за да ја направам линијата бела, за да изгледа како центар
на glow-от.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 10

Сега ја имате истата линија, само што има и glow на неа. Убавината на
користење на layer style е тоа дека можат да се копираат и пастираат во
други layer-и. За да го направите ова, едноставно кликнете со десен клик
на layer-от, и одберете Copy Layer Style, тогаш направете нов layer, и
со десен клик на него одберете Paste Layer Style.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 11

Сега повторете го истиот процес неколку пати за да направите повеќе
линии.
Во оваа прилика, една е направена подебела со тоа што ја сменив
големината на четката пред делот со Stroke Path. Исто така направив и
трета линија и избришав дел од неа, па некако направив да се сврзе со
другите две...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 12

Тука ставив некои текст и ги применив истите layer styles на тие
текстуални layer-и. Треба да се посвети внимание на текстот. Кога
почнувате, користете едноставни фонтови, и експериментирајте со
растојанието помеѓу буквите, зборовите и големините. Можете да
постигнете многу со некои мали трикови. Тука направив контраст помеѓу
зборовите со тоа што го направив зборот Glow малку поголем, и со
нормални букви, но ги направив Advanced и FX многу помали,
со поголемо растојание меѓу буквите, и со сите големи букви.
Можете да го контролирате растојанието користејќи го Character
прозорецот. Ако не е веќе отворен, одете во Window > Character и
требаг да се појави. Експериментирајте со сетинзите додека не научите
што прават...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 13

Сега ќе додадеме некои честички. За да го направиме ова, направете нов
layer и одберете мала големина на четката - size 3 - и само направете
некои точки. Пожелно е ако ги направите околу центарот на glow-от
бидејќи ќе изгледа како да доаѓаат оттаму.
Можете да зголемите некои од нив со притискање на левиот клик уште еднаш
врз нив.
Тогаш пастирајте го Glow layer style-от на тој layer исто така.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 14

Сега иако изгледа убаво, ќе изгледа уште поубаво ако додадеме некоја
боја наместо оваа интензивна црвена.
Затоа, направете нов layer, и користејќи radial gradient, направете blue
кон white gradient како на сликата.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 15

Тогаш поддесете го blending mode-от на layer-от на Color поддесете го
opacity на 50%.
Тогаш ќе забележите дека сликата ќе се замати малку. Сега изгледа многу
подобро веќе, но јас додадов и еден блед жолт, и еден блед виолетов
layer. Тоа можете да го видите на сликата подолу.
Поддесете го blending mode-от на Color и со ниски opacities за сите
layer-и да избледнат еден во друг...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 16

И ете го... Само запомнете дека можете да експериментирате и да
пробувате да додадете glow на различни нешта за да видите како ќе
испадне... Пробувајте и други комбинации со боја, бидејќи некои
изненадувачки комбинации всушност излегуваат многу убави...

Photoshop [Туторијали] - Лекции 17

Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Светлечка линија   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeЧет Јун 03, 2010 9:45 am

Светлечка линија

1.Отвараме нова слика . Јас ја избрав оваа слика.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 11265390042

2. Ја одбираме алатката Pen Tool и ја цртаме линијата околу девојката.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 21265390284

3. Одбираме четка со сооедветна големина, во овој случај јас одбрав 4 pix. Ја одбираме бојата каква што сакаме да биде линијата. Јас одбрав портокалова.


4. Потоа со алатката Pen Tool, во нов Layer притискаме десен клик и одбираме Stroke Path.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 31265390383

5. Во прозорецот одбираме Brush, го селектираме Simulate Pressure и притискаме ОК.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 41265390436

6. Потоа ги бришиме непотребните делови од линијата, со цел да изгледа како линијата да е околу девојката. Треба да се добиe нешто слично на ова.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 51265390489

7.Притискаме десен клик на лаерот каде што е нацртана линијата , одбираме Blending Options и подесуваме како што е на сликите.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 61265390567

Photoshop [Туторијали] - Лекции 71265390576

Photoshop [Туторијали] - Лекции 81265390583

8. Го дуплираме лаерот со линијата и ставаме Blend Mode – Overlay

9. Во новиот лаер ги исклучуваме ефектите Inner Shadow и Inner Glow.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 91265390659

10. Притискаме двоен клик на ефектот Outer Glow и подесуваме параметрите како на сликата.

Photoshop [Туторијали] - Лекции 101265390713

Треба да се добија нешто слично на оваа слика.

Photoshop [Туторијали] - Лекции Rezultat

Со малку експериментирање можe да се добијат многу подобри ефекти.


Последната промена е направена од Дарата на Сре Aвг 18, 2010 3:35 pm. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Tекст од слика    Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitimeПон Jул 26, 2010 11:25 am

Tекст од слика

Во овој туториал ќе ви покажам како да ги измиксате сликата и текстот, т.е. да ја искористите сликата како боја на вашиот текст:
Чекор 1


Отворете ја сликата од којашто сакате да направите некаков натпис. Јас ја одбрав оваа:
Photoshop [Туторијали] - Лекции 1

Чекор 2


Отидете на Edit>Define Pattern и крстете го проба или како што сакате
Photoshop [Туторијали] - Лекции 2

Чекор 3


Направете нов документ и напишете некој текст. Јас за пример напишав "Zoran". Одете на Layer>Layer Style>Pattern Overlay и одберете проба, или како го крстивте претходно.
Photoshop [Туторијали] - Лекции 3

Чекор 4


Поиграјте си малку со ефектите, и тоа е тоа.
Photoshop [Туторијали] - Лекции 4
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
Sponsored content




Photoshop [Туторијали] - Лекции Empty
ПишувањеПредмет: Re: Photoshop [Туторијали] - Лекции   Photoshop [Туторијали] - Лекции Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 

Photoshop [Туторијали] - Лекции

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Recycle Bin :: Корпа-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions