Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт Првиот чекор при правење на веб-сајт е осмислувањето и реализирањето
на неговиот дизајн. Потоа дизајнот "се кодира" и се прави да биде
функционален, за да не биде само една статична страна. Овој туториал го
опфаќа само дизајнерскиот дел, којшто почнува од нула и е воден од
креативноста на дизајнерот. Сликата подолу е крајниот резултат(кликнете
на сликата за да ја видите оргиналната резолуција). Па да почнеме.
Чекор 1Отворете нов документ со димензии
16x16 px. Оваа
слика што ќе ја направиме ќе ни послужи како
pattern којшто понатаму ќе
го користиме како позадина. Значи ориентирајте се по сликата, и
нацртајте 4 квадрати, секој со димензија
8x8 px и соодветна боја. Откако ќе го добиете ова што е на сликата одете во
Edit>Define Pattern и save the pattern. Затворете го документот.
Чекор 2Сега отворете нов документ со големина
1100×800px, отворете нов леер и наместете си црна боја
(foreground color #090909). Додека ви е селектиран овој леер притиснете
Alt Backspace за да го обоите леерот. Десен клик на леерот, одете во
blending options и направете го следново подесување:
Чекор 3Во овој дел ќе го организираме просторот кадешто ќе стојат сликите и текстовите. Пристиснете
Ctrl R, потоа
F8. Одете во
View>New Guide и внесте ги овие вредности:
Vertical guides(px): 150, 170, 180, 420, 440, 680, 695, 920, 930, 950
Horizontal guides(px): 100, 120, 130, 160, 205, 300, 315, 360, 460, 590, 600, 620Чекор 4Наместете бела боја
(foreground color) и одберте го
rectangle shape tool.Нацртајте правоаголник којшто се протега помеѓу крајните пресечни точки. Одете во
blending options и подесете ги како на сликава подолу. За крај ставете го
fill opacity to 0%.
Чекор 5Сега нацртајте нов правоаголник што се протега помеѓу последните
пресечни точки(внатре во претходно нацртаниот правоаголник). Наместете
му малку
stroke на внатрешниот правоаголник на овој начин:
(blending options). На сликата во Чекор 8 најубаво може да видите како треба да бидат поставени двата правоаголници во однос на маргините.
Откако ќе ги тргнете помошните линии
Ctrl h, треба да го добиете ова:
Чекор 6Сега ќе направиме
header, којшто ќе биде едноставно лого коешто ќе
стои одма над горната помошна линија. Одберете било каков фонт и
напишете нешто. Ставајќи го едниот дел од текстот во
bold и со покрупен фонт
(Arial) го добив ова:
Чекор 7Ставете му ги следниве ефекти на текстот, и потоа позиционирајте го
"логото" над горната граница.
Чекор 8За менито на сајтот користев само обичен текст разделен со знакот
"|". Одберете го вашиот омилен фонт и напишете го менито запазувајќи ги
маргините што ги ставивме претходно
(Crtl h )Чекор 9Ориентирајќи се по десните маргини ќе го организираме овој простор
ставајќи 4 правоаголници. Нивната големина и не е толку важна. Користете
го
rectangle tool при правењето. На крајот треба да добиете вакво нешто:
Чекор 10Сега ставете ги овие ефекти на секој од правоаголниците. За да не ги
работите еден по еден побрзо е на следниов начин: ги ставате ефектите на
едниот правоаголник, притискате десен клик на леерот>
Copy Layer Style, бирате друг леер(со правоаголник), и нему десен клик па
Paste Layer Style.
Треба да го добиете ова:
Чекор 11Додадете некоја сликички и текст во правоаголничињата. Ова е важен
дел бидејќи ви дозволува да експериментирате со големина текст, боја,
фонт. Еве набрзинка како испадна кај мене
Чекор 12Сметав дека ќе биде интересно ако додадам некои сликички во долниот
дел од дизајнот па ставив 4 рандом сликички со димензии
110x110px.
Чекор 13Додадете ги овие ефекти на секоја слика за се добие рамка околу нив. Искористете ја финтата од Чекор 10.
Чекор 14Сега ни останува уште да додадеме сликички во последните 4 празни
правоаголници од просторот што ни е планиран. За побрзо додавање,
внесете ја произволната сликата што сакате да ја додадете во работната
околина и наместете ја над правоаголникот. За да таа се вклопи во
правоаголникот одберете
Rectangular Marquee Tool(алатка за селектирање). Одбележете го делот од сликата што е во правоаголникот и притиснете на
Add layer mask,
копчето што е во палетата со леери(кругче). Потоа исклучете го
"chain
link"-от што се појавува помеѓу леерите на правоаголничето и маската.
Ако не разбирате како функционира маската или пак не сте сигурни во неа,
секогаш може сликите да ги додадете на начин којшто ви е вас
најразбирлив и го имате увежбано. Треба да го добиете вакво нешто:
Чекор 15Преостанува уште да го искористистите
Text tool за
да додадете текст под сликичките. И секако за крај, додатете си краток
footer под долната маргина. Ќе добиете нешто слично на ова.