Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Empty
ПишувањеПредмет: Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт    Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Icon_minitimeСре Aвг 18, 2010 5:40 pm

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт
Првиот чекор при правење на веб-сајт е осмислувањето и реализирањето
на неговиот дизајн. Потоа дизајнот "се кодира" и се прави да биде
функционален, за да не биде само една статична страна. Овој туториал го
опфаќа само дизајнерскиот дел, којшто почнува од нула и е воден од
креативноста на дизајнерот. Сликата подолу е крајниот резултат(кликнете
на сликата за да ја видите оргиналната резолуција). Па да почнеме.

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  20

Чекор 1


Отворете нов документ со димензии 16x16 px. Оваа
слика што ќе ја направиме ќе ни послужи како pattern којшто понатаму ќе
го користиме како позадина. Значи ориентирајте се по сликата, и
нацртајте 4 квадрати, секој со димензија 8x8 px и соодветна боја. Откако ќе го добиете ова што е на сликата одете во Edit>Define Pattern и save the pattern. Затворете го документот.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  1

Чекор 2


Сега отворете нов документ со големина 1100×800px, отворете нов леер и наместете си црна боја(foreground color #090909). Додека ви е селектиран овој леер притиснете Alt Backspace за да го обоите леерот. Десен клик на леерот, одете во blending options и направете го следново подесување:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  2

Чекор 3


Во овој дел ќе го организираме просторот кадешто ќе стојат сликите и текстовите. Пристиснете Ctrl R, потоа F8. Одете во View>New Guide и внесте ги овие вредности:
Vertical guides(px): 150, 170, 180, 420, 440, 680, 695, 920, 930, 950
Horizontal guides(px): 100, 120, 130, 160, 205, 300, 315, 360, 460, 590, 600, 620


Чекор 4


Наместете бела боја(foreground color) и одберте го rectangle shape tool.Нацртајте правоаголник којшто се протега помеѓу крајните пресечни точки. Одете во blending options и подесете ги како на сликава подолу. За крај ставете го fill opacity to 0%.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  4
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  5

Чекор 5


Сега нацртајте нов правоаголник што се протега помеѓу последните
пресечни точки(внатре во претходно нацртаниот правоаголник). Наместете
му малку stroke на внатрешниот правоаголник на овој начин: (blending options). На сликата во Чекор 8 најубаво може да видите како треба да бидат поставени двата правоаголници во однос на маргините.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  6

Откако ќе ги тргнете помошните линии Ctrl h, треба да го добиете ова:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  7

Чекор 6


Сега ќе направиме header, којшто ќе биде едноставно лого коешто ќе
стои одма над горната помошна линија. Одберете било каков фонт и
напишете нешто. Ставајќи го едниот дел од текстот во bold и со покрупен фонт(Arial) го добив ова:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Logo

Чекор 7


Ставете му ги следниве ефекти на текстот, и потоа позиционирајте го "логото" над горната граница.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  8

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  9

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  9_1
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  Logo_2

Чекор 8


За менито на сајтот користев само обичен текст разделен со знакот
"|". Одберете го вашиот омилен фонт и напишете го менито запазувајќи ги
маргините што ги ставивме претходно (Crtl h )
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  10

Чекор 9


Ориентирајќи се по десните маргини ќе го организираме овој простор
ставајќи 4 правоаголници. Нивната големина и не е толку важна. Користете
го rectangle tool при правењето. На крајот треба да добиете вакво нешто:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  14

Чекор 10


Сега ставете ги овие ефекти на секој од правоаголниците. За да не ги
работите еден по еден побрзо е на следниов начин: ги ставате ефектите на
едниот правоаголник, притискате десен клик на леерот>Copy Layer Style, бирате друг леер(со правоаголник), и нему десен клик па Paste Layer Style.

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  13

Треба да го добиете ова:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  15

Чекор 11


Додадете некоја сликички и текст во правоаголничињата. Ова е важен
дел бидејќи ви дозволува да експериментирате со големина текст, боја,
фонт. Еве набрзинка како испадна кај мене
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  16

Чекор 12


Сметав дека ќе биде интересно ако додадам некои сликички во долниот
дел од дизајнот па ставив 4 рандом сликички со димензии 110x110px.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  17

Чекор 13


Додадете ги овие ефекти на секоја слика за се добие рамка околу нив. Искористете ја финтата од Чекор 10.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  18

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  18_1

Чекор 14


Сега ни останува уште да додадеме сликички во последните 4 празни
правоаголници од просторот што ни е планиран. За побрзо додавање,
внесете ја произволната сликата што сакате да ја додадете во работната
околина и наместете ја над правоаголникот. За да таа се вклопи во
правоаголникот одберете Rectangular Marquee Tool(алатка за селектирање). Одбележете го делот од сликата што е во правоаголникот и притиснете на Add layer mask,
копчето што е во палетата со леери(кругче). Потоа исклучете го "chain
link"-от
што се појавува помеѓу леерите на правоаголничето и маската.
Ако не разбирате како функционира маската или пак не сте сигурни во неа,
секогаш може сликите да ги додадете на начин којшто ви е вас
најразбирлив и го имате увежбано. Треба да го добиете вакво нешто:
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  19

Чекор 15


Преостанува уште да го искористистите Text tool за
да додадете текст под сликичките. И секако за крај, додатете си краток
footer под долната маргина. Ќе добиете нешто слично на ова.
Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт  20
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

Осмислување и реализација на дизајн за веб-сајт

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Македонски и балкански варез :: Е-Книги и туторијали :: Фотошоп Туторијали - Лекции-
Отиди до:  
Free forum | Music | Dance, House, Electro | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions