Едноставно регулирање на брзината на вентилаторот Брзината на вентилаторите, кои доаѓаат како основна вградена компонента на секој кулер некогаш знае да биде биде толку голема што може страшно да нервира. Овие проблеми најчесто се јавувават со помалку познатите производители на кулери, а ние ќе пробаме да ви покажеме како да ја намалите брзината на многу едноставен начин.
Пред да почнете со постапката, осигурајте се дека вашата матична плоча нема опции во биосот за подесување на брзината на вентилаторите. Речиси сите понови матични плочи ја имаат оваа опција, но најчесто зависи од производителот. Па немаме сите матични плочи од 100 евра, нели? Доколку сте и вие еден од оние со ускратени опции во биосот, овој туторијал ќе ви се најде многу. На пазарот постојат три типа на вентилатори, односно три типа кои се разликуваат според бројот на приклучоците. Првиот е со два приклучоци и најчесто се користи кај кулерите на графичките картички-со одредени исклучоци. Вториот тип беше стандард до пред некое време, а се состои од конектор со три приклучоци. Овие вентилатори најчесто се користат за ладење на ладилниците за процесорите и се составен дел од речиси сите вентилатори наменети за монтирање на самите куќшта. Третот тип на венилатори се опремени со конектор со четири приклучоци. Овие вентилатори се почесто се употребуваат, а најчесто се основен дел од бокс кулерите и поквалитетните кулери за ладење на процесорите.
Да ги спомнеме подетално сите три конектори. Првиот споменат е речиси идентичен со третиот, со еден исклучок. Дво пинскиот конектор е опремен само со два конектора кои служат само за напојување на вентилаторот, додека третата жичка која служи за детектирање на бројот на вртежи на вентилаторот не постои. Овие типови на кулери се крајно непрепорачливи за ладење на процесорот, од причина што доколку овој дво пински конектор се приклучи на матичната плоча на делот означен како CPU FAN, матичната плоча нема да ги детектира бројот на вртежи на кулерот и ќе јавува дека има проблем со кулерот или Cpu Fan Error.Трипински и четирипински конектор:
Три пинскиот конектор моментално најчесто се среќава, а освен дополнителната жичка за детекција на бројот на вртежи со ништо не се разликува од дво пинскиот. Четири пинскиот конектор ги има сите карактеристики како и три пинскиот конектор но има плус уште една жичка која служи за динамичка контрола на вртежите на вентилаторот.
Во оваа тема нема да се занимаваме со 4 пинскиот вентилатор бидејќи контролирањето на вртежите кај овие примероци е многу едноставно. Едноставно влезете во биосот на плочата, пронајдете ја опцијата "Cpu smart fan control" и подесте ја на Enable. Со оваа опција, самата матична плоча ќе ја регулира брзината на вентилаторот во зависност од температурата на процесорот. Оваа опција ја имаат сите понови матични плочи.Подесување на динамичка контрола на вртежи преку биос:
Да видиме што значат различните бои на конекторите. Повеќето вентилатори ја користат +12 волтната линија за напојување. Во зависност од производителот +12 волтната линија може да биде со црвена или со жолта боја(2), со црна боја е означен минусот или масата(1). Бојата на жицата за детекција на вртежите е најчесто жолта, зелена или бела(3), додека бојата на жицата за автоматска контрола на вртежите (PWM) е сина(4).3 пински(лево) и 4 пински(десно) конектор на матична плоча :
На оваа слика е претставен четири пински конектор на понова матична плоча. Првиот и вториот пин служат за напојување на вентилатороот, а како што претходно спомнавме овој напон изнесува 12 волти. Третиот пин е детекторот на вртежите на вентилаторот, а четвртиот пин служи за автоматска контрола на вртежите. Бројот на вртежите на вентилаторот во секое време можат да се прочитаат од самиот биос на плочата, или со инсталирање софтвер од типот на Speedfan.Регулирањето на брзината на вентилаторот е едноставно променување на висината на напонот. Според достапните вредности кои ги нуди компјутерското напојување, можеме да изведеме уште две помали вредности од 12 V. Секое напојување може да обезбеди 12V и 5V напон на делот превиден за приклучување на оптичките уреди, а со комбинирање на овие два напона може да се добие и 7V. Во овој дел ќе покажеме како едноставно да ги преспоите жичките на вентилаторот за добивање потивка работа на истиот. Добиените напони се 12V-најголема брзина, 7V-средна брзина и 5V-најмала брзина.
Прво што треба да се направи е да се извадат двата пина кои служат за напојување на вентилаторот. Пинот за детекција на бројот на вртежи си останува на своето место. Вадењето на пинот е многу едноставно. Потребно е да се земе остар предмет, штрафцигер, игла или чепкалка. Ние се послуживме со чепкалка, поради добро заострениот врв и поради дрвената изработка, со што би се намалила можноста од оштетување на пиновите. Со благо притискање на отворот над секој пин се ослободува пинот и со влечење на жичката, првиот пин е слободен. Истата процедура ја спроведуваме и на црвената жичка.Постапка на вадење на двете напонски жички од конекторот:
Вака изведениот пин се поставува на местото на матичната плоча кое е предвидено за поставување на CPU конекторот. Доколку не го поставиме овој конектор на соодветното место, плочата нема да го детектира вентилаторот и ќе јавува грешка (CPU Fan Error).Приклучен пин на матична плоча, само со жичката за детекција на вртежите:
За да работи на максималната брзина или на 12V немора ништо да се менува, односно приклучете го конекторот како што е, без вадење на пиновите, односно за максимална брзина целиов водич е непотребен. Сепак доколку сакате можете и тоа да го пробате. Црвената жичка од вентилаторот приклучете ја на жолтата жичка од напојувањето, а црната поврзете ја со црната жичка од напојувањето. Вака поврзан вентилаторот има максимална брзина.
За да работи на 5V или на најмала брзина, приклучете ја црвената жичка од кулерот на црвената жичка на конекторот од напојувањето, а црната поврзете ја со црната. Вака вентилаторот ќе работи на само 5 V и ќе има повеќе од пола помал број на вртежи од предвиденото. Доколку утврдите дека оваа брзина е мала, тогаш преминете на вториот метод или приклучување на 7V.Приклучување на 5V линија:
Напојувањето нема 7V напон, така да ќе мора самите да го изведеме. Доколку црвената жичка од вентилаторот ја приклучиме на 12V(жолта жица на конекторот од напојувањето), a црната ја приклучиме на 5V(црвената жица од напојувањето), ќе добиеме 7V. (12-5=7)Приклучување на 7V линија:
Овој метод можете да го пробате со цел за намалување на буката предизвикана од кулерот на процесорот. Оваа постапка може да се примени на било кој вентилатор независно дали се наоѓа на процесорот или на самото куќиште. Методот е сосема безбеден и доколку ги следите упатствaта нема да направите никаква штета. Ова е одличен начин за искористување на напоните кои ги нуди напојувањето и начин за заштеда на пари при купување на кулер со динамичка контрола на вртежи или матична плоча со оваа поддршка.извор:
[You must be registered and logged in to see this link.]