Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Солунските Атентатори (1961) (Историски) Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Солунските Атентатори (1961) (Историски) Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
Солунските Атентатори (1961) (Историски) Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
Солунските Атентатори (1961) (Историски) Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Солунските Атентатори (1961) (Историски)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

Солунските Атентатори (1961) (Историски) Empty
ПишувањеПредмет: Солунските Атентатори (1961) (Историски)   Солунските Атентатори (1961) (Историски) Icon_minitimeНед Сеп 12, 2010 9:19 am

Солунските Атентатори (1961)

Солунските Атентатори (1961) (Историски) 5fkd28
Филм од 1961 година , во времетрање од 103 минути.
Филмот е снимен во тоталскоп техника, со звук, во црно бела техника и 35мм.
Производство:
Вардар филм - Скопје
Република Македонија

Цитат :
Во почетокот на ХХ век Македонија и натаму се наоѓа во ропска положба под власта на Отоманската Империја. Како одговор на теророт на кој е изложен македонскиот народ, се пројавуваат низа различни начини на реакција, како што се организираните чети комити, подготовката за востание, а меѓу другото и акциите на гемиџиите во Солун. Сакајќи да го привлечат вниманието на светската јавност врз Македонија, гемиџиите, група македонски анархосоцијалисти, синови на богати трговци кои се под влијание на руската нихилистичка литаратура и идеите на женевските анархисти, решаваат да извршат во април 1903 година низа напади на објекти во Солун, во кои е инвестиран странски капитал. Целта на овие напади се францускиот брод Гвадалкивир, Отоманската банка, Електричната централа, Поштата. Оружјето со кое се подготвуваат да ги извршат своите акции Коста Кирков, Орце Поп-Јорданов, Илија Трчков, Павел Шатев, Димитар Мечев, Пингов и Иван Попов го снабдуваат, меѓу другото, и преку трговската фирма на Кирков. Подготовките се вршат во голема тајност, но власта сепак претпоставува одредени тероростички напади. Најголем проблем претставува рушењето на Отоманската банка, меѓу другото и поради можноста да настрадаат недолжни луѓе. За ден на нападите е одбрана ноќта на карневалските свечености кога во објектите одбрани за акција нема луѓе. Акциите се извршуваат синхронизирано и во нив, како што претходно беше решено, гинат повеќето од учесниците, свесно жртвувајќи го својот живот за иднината на слободна Македонија.

Резиме
Жанрот потпрен врз историската тематика се репродуцира, на извесен начин зацврстувајќи ги своите елементи и нивната драматуршка заснованост. Така по филмот „Мис Стон“, се појавува филмот „Солунските атентатори“. Овие дела не се само формално-жанровски поврзани; бидејќи и двата филма ги поставува режисерот Жика Митровиќ, и нивната содржинска основа ја сочинуваат автентични историски настани од предилинденскиот период, така што и двете дела формираат еден своевиден филмски диптих за оваа историска ситуација. Сценариото на Јован Бошковски зборува за тие историски премрежиња, базирајќи се врз вистинската судбина на група млади македонски револуционери. Тоа се шестмина храбри и самопрегорни револуционери, кои се решаваат да ја спроведат идејата на борбата за ослободување од турското ропство, вршејќи атентаторски акции во Солун, со цел борбата на македонскиот народ да и стане позната на целата европска јавност. Големиот револуционерен морал, пројавен од оваа група, спремноста на саможртва за идејата на ослободувањето и непоколебливоста во тие намери, се пројавуваат како елементи на една стигматизација што ги прави одделени од другите ликови на филмот, па и од оние едномисленици - македонски револуционери определени за други методи на дејствување; но, исто така, тоа го прави препознатлив и оправдан нивниот стремеж кон акцијата. Со тоа, во вака поставениот наративен контекст, доминираат акционите елементи и сите останати можни тематски одредници - тие минуваат низ овој простор и во него се остваруваат.

Режисерската постапка и формата на нејзиниот визуелен ракопис, во најголема мера го подвлекуваат ова, би кажале, основно расположение на филмот. Просторот на оваа акција, пак, Солун од почетокот на веков е вонредно успешно филмски реконструиран, така што сценографската компонента овде претставува антологиска вредност во македонската кинематографија. Автор на оваа сценографија е нашиот афирмиран сликар и сценограф Диме Шумка. Визијата на декадентното во просторот и луѓето кои му припаѓаат, исклучително вешто е оформена и на ликовен план. Камерата на Љубе Петковски и во овој филм непогрешливо ја изнаоѓа визуелната специфичност во предложената драмска материја. Кон ваквиот стилски концепт, целосно е приклонета и музичката придружба на филмот, дело на реномираниот композитор Душан Радиќ. Филмските ликови и нивните протагонисти, грижливо се одбрани и претставени, што е уште еден од несомнените квалитети на филмот. Александар Гавриќ, Дарко Дамевски, Драган Оцокољиќ, Стево Спасовски, Марко Тодоровиќ и Иштреф Беголи, ги толкуваат ликовите на атентаторите. Во останатите ролји настапија и Петре Прличко, Стојка Цекова, Марлиес Беренс, Јон Исаја и Јоаким Мок. Многубројните квалитети на „Солунските атентатори“ остануваат и до денес ненадминати во некои свои аспекти. Сепак, полиморфноста на акцијата, нејзиното искусно и вешто доловување, најповеќе условуваат овој автентичен историски настан успешно да се преточи во филмско предание за Гемиџиите и нивната херојска судбина.

Солунските Атентатори (1961) (Историски) 2qlc20y

Награди
1961 ФЈИФ, Пула, „Јелен“ - традиционална награда од публиката;
1961 ФЈИФ, Пула, Специјална поединечна диплома за сценографија Диме Шумка;
1961 ФЈИФ, Пула, Признание од жирито за успешно негување на акциониот жанр во домашниот филм - Жика Митровиќ


Автори
Режија: Митровиќ Живорад - Жика
Сценарио: Бошковски Јован
Директор на фотографија: Петковски Љубе
Снимател: Самоиловски Мишо
Монтажа: Стојановиќ Катарина
Главни улоги: Беголи Истреф , Беренс Мерлиес , Гавриќ Александар , Дамевски Дарко , Мок Јоаким , Оцокољиќ Драган , Прличко Петре , Спасовски Стево , Тодоровиќ Марко
Споредни улоги: Автовски Никола , Васовски Панче - Камшик , Исаја Јован - Јон , Цекова Стојка
Музика: Радиќ Душан
Сценографија: Шумка Диме
Костимографија: Глишиќ Мира
Тон: Гојковиќ Драгољуб
Помошник на режија: Стаменковиќ Миомир - Мики
Асистенти на режија: Ѓурчинов Александар - Ацо , Недков Кочо
Организатор на снимање: Вељковиќ Предраг
Директор на филм: Лазаревски Никола

Други улоги:
Дара Милошевиќ
Миодраг Лончар
Саша Груден
Жарко Којчев
Жарко Стојмиров
Ѓура Турински

Други соработници:
асистенти сниматели -- Васе Василевски
асистенти сценографи -- Јован Радиќ; арх. Ј. Јорданов; В. Василевски
секретар режисер -- Штефица Хрушкар
помошници директори -- Ж. Петровиќ
организатори на снимање -- Салко Бајчиќ; В. Филиповиќ

Код:
http://rapidshare.com/files/351799203/Solunskite_atentatori.part1.rar
http://rapidshare.com/files/351809574/Solunskite_atentatori.part2.rar
http://rapidshare.com/files/351822936/Solunskite_atentatori.part3.rar
http://rapidshare.com/files/351833019/Solunskite_atentatori.part4.rar
http://rapidshare.com/files/351843147/Solunskite_atentatori.part5.rar
http://rapidshare.com/files/352010526/Solunskite_atentatori.part6.rar
http://rapidshare.com/files/352030313/Solunskite_atentatori.part7.rar
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

Солунските Атентатори (1961) (Историски)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Recycle Bin :: Корпа-
Отиди до:  
Create a forum on Forumotion | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions