Реалистична резбаВо овој Photoshop туторијал ќе ви претставиме како да направите реалистична резба. За овој туторијал ќе ви требаат две слики од сечено дрво, за потребите на овој туторијал ние ќе ги користиме овие две,
слика01 и
слика02. Сите потребни документи заедно со туторијалот во PDF ќе можете да ги симнете. Креирајте нов документ со големина 500 x 500 пиксели. Отворете ги двете слики и ставете ги во новиот документ една врз друга.
Ќе ја искористиме Custom shape алатката за изгледот на резбата. Одберете некоја форма и ставете ја во документот со големина која ви одговара.
Со десен клик кликнете на леерот од формата и доберете Rasterize Layer.
Сега со Magic Wand алатката селектирајте ја формата, со ctrl+shift+i инвертирајте ја селекцијата. Одберете го леерот со сликата од посветлото дрво и стиснете delete. Сега избришете го леерот со формата, со тоа ќе ви остане формата од дрво и леерот со потемното дрво.
Сега двапати кликнете на леерот од формата од дрво додадете ги ефектите Drop Shadow, Inner Glow и Bevel & Emboss, со вредности како на сликите.
Креирајте нов леер и наместете го под леерот со формата. Селектирајте го леерот со формата и select>load selection, а потоа select>modify>expand и внесете вредност околу 5 пиксели.
Одберете го празниот леер што го креиравме и исполнете ја со бела боја селекцијата.
За Blend Mode на овој леер одберете Overlay, а потоа кликнете двапати на леерот и додадете ги ефектите Inner Glow и Bevel & Emboss со вредности од сликите.
Со тоа сте готови со овој ефект. Туторијалот во PDF и потребните фајлови
тука.
извор:
www.tehnologija.com.mk