Блескав текст ефектВо овој Photoshop туторијал ќе ви покажеме како да направите интересен текст со блескав ефект. Креирајте нов документ со големина 500 x 500 пиксели и исполнете го со црна боја. Следно напишете го вашиот текст.
На леерот од текстот
fill opacity намалете го на 0%.
Кликнете двапати на леерот од текстот, додадете
stroke ефект со бела боја и наместете
position: center. Со десен клик кликнете на
fx знакчето и одберете
create layer. Оригиналниот леер со текстот нема да ни треба повеќе и можете да го избришете.
Следно одете на
select> load selection.., потоа вклучете
quick mask. Сега со
free transform алатката завртете ја маската за 90 степени (90 CW).
Следно ќе го искористиме
wind ефектот,
filter>stylize>wind. Ефектот ќе го примениме два пати, еднаш од лево еднаш од десно.
Потоа со ротирање вратете ја маската во оригиналната позиција(90 CCW). Исклучете го quick mask. Сега ќе ви остане селектиран простор, креирајте нов леер со име wind и селектираниот простор исполнете го со бела боја. Дуплирајте го новиот леер и наречете го
blur, а потоа
filter>blur>motion blur. Во новиот прозорец за агол внесете 90 степени а за далечина околу 40 пиксели(видете како најубаво ќе изгледа со вашиот фонт). Повторете ја оваа постапка уште два пати, но еднаш со агол 45 и еднаш со агол -45, а со должина од околу 25 пискели.
Следно споете ги
blur леерот,
wind леерот и текстот кој го користевме за маската со селектирање на леерите во
layers палетата и десeн клик
merge layers, новиот леер наречете го текст.
Креирајте нов леер и исполнете го со
gradient.
Одберете го текст леерот и
select>load selection, а потоа инвертирајте ја селекцијата со
ctrl+ shift+i. Одберете го леерот со
gradient и стиснете
delete, со што се ќе се избрише освен
gradient-от кај буквите.
Дуплирајте го овој леер, а потоа на оригиналниот
gradient леер за
blending mode одберете
color.На дуплираниот леер,
filter>blur>Gaussian blur и одберете околу 40 пиксели. Во зависност од вашиот вкус можете да ги намалите малце
Opacity и
fill opacity.извор:
www.tehnologija.com.mk