Откако долго време се веруваше дека од секс се губат килограмите, научниците сега откриле дека честиот секс води до зголемување на тежината поради зголеменото ниво на хормонот пролактин.
Екипа индиски научници во стручното списание "Nju sajentist" ги објави резултатите од истражувањето со кое е утврдено дека зачестениот секс дебелее.
Имено, по сексот во организмот доаѓа до зголемување на нивото на пролактинот, карактеристичен за луѓето кои страдаат од прекумерна тежина.
Пролактинот го стимулира производството на млеко кај жените кои дојат, а кај мажите ја интензивира љубовта на таткото кон детето.
Од таа причина, нивото на пролактин е зголемен и кај идните татковци, кои во очекување сопругите да се породат, често собираат неколку килограми вишок.