Правила како да ја привлечете секоја жена
Многу мажи понекогаш би сакале да постои таен рецепт за освојување жени, веројатно за да не мора премногу да се трудат. Волшебен збор не постои, но постојат некои работи на кои паѓаат сите жени. Оригиналност, стабилност, доза на мистериозност и непредвидливост се некои од нив.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да бидете вистински освојувач:
Човек со манириДа се однесуваш како кавалер е моќен начин за освојување жени. Отворете и ја вратата, придржете ја за рака додека излегува од автомобилот, подместете и ја столицата и ќе и дадете до знаење дека е во добри раце. Жените сакаат да видат дека се грижите за нив, дека се однесувате заштитнички и дека кавалерството не е изумрено.
Кул и неодоливНе бидете тип кој нервозно ги прави малите работи, кој пцуе како кочијаш кога ќе му се запали црвено, кој нервозно пали цигара, вика кога омилениот фудбалски клуб ќе загуби или агресивно реагира на најмал проблем. Бидете сталожени и смирени и сигурно нема да си замине.
Непредвидлив и неодоливНајголемата грешка во секоја врска е препуштање на рутината и предвидливоста. На жените сигурно нема да им бидете интересни ако знаат што точно ќе правите кога ќе се видите, каде ќе ја изнесете и кога точно ќе и се јавите. Изненадете ја понекогаш со некој излет, појдете во природа, однесете ја на врвот на највисоката зграда и испијте да речеме чаша вино уживајќи во погледот. Бидете забавни и ќе стане зависна од вас.
Мистериозни и привлечниМногу мажи кога ќе се заљубат се склони на својата партнерка веднаш да и раскажат се за себе. Бидете таинствени и не и откривајте премногу. Посебно, не се фалете премногу со деловните успеси. Жените се повеќе импресионирани кога од други ќе дознаваат за вашите достигнувања, отколку кога вие самите се фалите.
Човек кој има свој животСите мажи кои имаат успех кај жените имаат една заедничка карактеристика. Имено, сите имаат интересен живот и не им требаат жени за да бидат среќни. Жените ги сметаат ваквите типови за исклучително привлечни. Околу нив мораат повеќе да се потрудат за да ги уверат дека токму тие се вистинскиот избор за нив.