Додавање на теми во Windows 7
Овозможување на додатни теми без модифицирање на системски дадотеки. Методот може да се користи на Windows XP Service Pack 2-3, Windows Vista, и Windows 7.
Чекор 1.Кликнете на Start Orb-от, напишете UAC. (важи за Windows Vista и 7). Кликнете на дадениот резултат во старт менито, одберете
yes на pop up прозорчето. Спуштете го лизгачот на
never notify кликнете
ок. (
ВАЖНО: Ако не го спуштите лизгачот на
never notify, наредните чекори нема да направат промени во системот, односно нема да може да користите додатни теми). Рестартирајте го компјутерот. (Ова е само привремено, потоа можете да го вратите лизгачот на неговата оригинална позиција -
ПРЕПОРАЧЛИВО)
Чекор 2.1. Превземете го
UxStyle Core [You must be registered and logged in to see this link.]Забелешка: Овој програм се разликува од
Universal patcher по тоа што инсталира сервис наречен
UnsignedThemesSvc што зема помалку од 1 МВ од РАМ меморијата. Сервисот едноставно му укажува на оперативниот систем дека темите што сакате да ги инсталирате не се додатни теми.
Universal patcher ги модифицира системските датотеки што е потенцијална опасност да станат корумпирани, што може да доведе до repair install или format.
2. Одзипувајте ги датотеките и стартирајте го инсталерот што одговора на вашиот систем (за х32 системи одберете х86, за х64 системи х64)
3. Следете ги инструкциите на мониторот
4. Рестартирајте го компјутерот
5. Вратете го лизгачот на неговата оригинална позиција (
чекор 1, важи само за корисници на Windows Vista и 7)
6. Превземените теми инсталирајте ги во
C:\Windows\Resources\Themes. Потоа на вашиот desktop десен клик
personalize>installed themes одберете ја темата што сакате да ја користите (вообичаено превземените теми се во .zip формат, па ќе ви треба Winrar, 7zip или некој друг програм за да ги одзипувате. Исто така содржат readme.txt датотека со инструкции за инсталација на дадената тема).
Тоа е тоа, уживајте во новите теми
Забелешка: Добро место да почнете со пребарување на додатни теми е
[You must be registered and logged in to see this link.]