Можете да го контролирате поинтерот од глувчето со помош на кратенки на тастатурата, на сите верзии на windows. Кога вашето компјутерско глувче ќе затаи во работата , можете да ја активирате оваа опција за да можете да ја довршите важната работа. Оваа тастатура-глушец опција може да ги изврши сите задачи што може да ги изврши класичниот компјутерски глушец.
Следете ги чекорите кои следуваат за да ја активирате оваа опција:
За да можете да ја активирате оваа опција мора да сте логирани во компјутерот како Администратор.
За да ја активирате оваа функција, кликнете ги компчињата Alt+Shift+NumLock заедно и ќе се појави малечок прозорец за активирање на истата.
За да ги активирате функциите на тастатурата потребни за контрола на компјутерскиот глушец , потврдете на Ok компчето или кликнете на cancel (откажи) копчето за да ја откажите оваа функција. Кликнете на Settings (подесувања) копчето доколку сакате да ги направите измени во деталните подесувања на курсорот од компјутерското глувче.
Ќе ви се појави нов прозорец со наслов “Settings for MouseKeys", сега можете да ги контролирате сите подесувања на глушецот како на пример брзина на курсорот и сл.
Сега , користеќи ги копчињата од нумеричкиот дел на тастатурата, можете да го движите поинтерот на глушецот.
Ги користите следните контроли:
* 1,2,3,4,6,7,8 и 9 копчињата се користат за движење на курсорот во различни насоки.
* Копчето 5 се користи како класичен mouse click , со него потврдувате акција.
* Insert копчето се користи како hold down копчето на компјутерскиот глушец.
* + знакот се користи како двоен клик на некој објект
* Delete копчето се користи за ослободување на ком. глувче.
* Со притискањето на NumLock копчето ја исклучувате опцијата тастатурата да ги има функциите на ком. глушец.