Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Baner-11
Добредојдовте на Наше Маало (Nashe Maalo)
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Lak10

За да имате целосен пристап до информациите на форумот Кликнете „Регистрирај се“ за регистрација или „Влез“ за да се логирате доколку имате кориснички профил... Ви благодариме
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Baner-11
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаше МаалоGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 [TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Дарата
Администратор
Администратор
Дарата

Број на мислења : 1766
Место-локација : Македонија - Прилеп
Registration date : 2008-08-28

[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Empty
ПишувањеПредмет: [TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista   [TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Icon_minitimeВто Јан 27, 2009 2:40 pm

Инсталирање на Windows Vista

Дали сакате да ги истражувате можностите на новиот оперативен систем Windows Vista, меѓутоа се уште не сте подготвени да се откажете од Windows XP? Сеуште се двоумите бидејќи не сте 100 проценти сигурни дека вашата конфигурација на компјутерот (хардверот и софтверот) ќе работи во Vista.
Ако е така тогаш сте совршен кандидат за инсталирање на два оперативни системи на еден компјутер. За да ја инсталирате Windows Vista на компјутер на кој има инсталирано Windows XP ви е потребнo да направите уште една партиција или да инсталирате втор хард диск. За инсталацијата на Windows Vista ви е потребно да имате најмалку 15 GB (но колку повеќе толку подобро) слободно место на партицијата или втор хард диск каде што сакате да го инсталирате новиот оперативен систем. Ако немате доволно место на хард дискот за да направите нова партиција тогаш ќе треба да инсталирате втор хард диск на вашиот каомпјутер. Но ако имате доволно место на хард дискот, а имате само една партиција тогаш ќе треба да искористите некој софтвер (на пр. PartitionMagic, Acronis Disk Director или VCOM Partition Commander Professional) за да направите уште една партиција. Детална инструкција како да инсталирате нов хард диск или да направите нова партиција не се вклучени во оваа статија. Како и да е, вториот хард диск или втората партиција треба да се форматирани со NTFS фајлов систем пред да започнете со инсталацијата. Ако правите втора партиција со некои од програмите наменети за таа работа тогаш за време на креирањето на партицијата можете да ја форматирате во NTFS. Ако приклучите нов хард диск, тогаш најлесен начин за форматирање во NTFS формат е преку Disk Manager во Windows XP, кој најбрзо можете да го уклучите со притискање на [Windows]+R и да ја внесете командата:

diskmgmt.msc

([Windows] е копчето на кое се наоѓа логото на Windows).

Инсталацијата на Windows Vista може да ја започнете на два начина, со бутирање од DVD-то на кое се наоѓа Windows Vista или вклучување на инсталацијата преку Windows XP. И со двата методи резултат ќе биде ист. Јас го претпочитам начинот со бутирање од DVD-то на кое се наоѓа Windows Vista.

Започнување на инсталацијата

DVD-то со Windows Vista стави го во DVD-ромот и рестартирај го компјутерот. Откако ќе се бутира од DVD-то, инсталацијата на Windows Vista ќе започне да се подига (анг. loading). Слика 1.
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_1
слика 1


Од кога ќе заврши подигањето на инсталацијата, ќе ви се прикаже екран како на слика 2, каде ќе ви се бара да ги изберете јазикот и регионот.

[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_2
слика 2


Следно што треба да направите е да ја продолжите инсталацијата со кликање на копчето Install Now. Го внесувате клучот за активација на пакетот (анг. product key for activation) и полето кај што пишува Automatically Activate Windows When I’m online ќе го отштиклирате (активацијата на Windows-от на интернет можете да ја направите подоцна), како што е прикажано на слика 3.
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_4
слика 3


Кога ќе продолжите со инсталацијата кликнувајќи на копчето Next, ако ја имате отштиклирано опцијата за автоматско активирање кога сте на интернет , ќе ви се појави прозорец како на слика 4, на кој пишува да се преиспитате за избраната опција. Тој прозорец можете слободно да го игнорирате со кликнување на копчето No.
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_5
слика 4


Ако не внесете клуч за продуктот (ang. product key) Windows Vista инсталацијата нема да знае точно кој пакет сакате да го инсталирате па затоа ќе ви се појави еден прозорец на кој ги има излистано сите пакети на Windows Vista од која листа вие ќе треба да изберете еден. Слика 5. Го избирате пакетот, го штиклирате квадратчето кое се наоѓа најдолу и продолжувате со Next.
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_6
слика 5


Обележувате дека сте согласни со условите кои ги дава Microsoft и продолжувате со кликнување на копчето Next. Ако инсталацијата ја почнавте со бутирање од DVD кога ќе стигнете до страницата Which Type Of Installation Do You Want, единствена опција која можете да ја бирате е Custom (advanced) . За да продолжите само кликнете врз иконата Custom. Кога ќе стигнете до страницата Where Do You Want To Install Windows, ќе ја ги видите сите ваши партиции или хард дискови кои ги имате. Ја избирате партицијата или хард дискот на кој сакате да го инсталирате Windows Vista и продолжувате со кликање на Next. Откако ќе заврши инсталацијата компјутерот ќе се рестартира и ќе се прикаже менито на Windows Boot Manager, како на слика 6,
[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista Dual_boot_vista_10
слика 6


каде што можете да изберете кој оперативен систем сакате до го вклучите, Windows XP (прикажан како Earlier Version of Windows) или Windows Vista. Ако за 30 сек. не го изберете саканиот оперативен систем, автоматски ќе се стартува Windows Vista. Но, се разбира ако не ви одговараат овие опции можете подоцна да ги смените во System Properties (кратенка [Windows]+[Pause/Break]) -> Advanced -> Settings in the Startup and Recovery.
Вратете се на почетокот Go down
https://nash-forum.macedonianforum.net ; www.nashe-maalo.tk
 

[TУТОРИЈАЛ]Инсталирање на Windows Vista

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 

 Similar topics

+
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Македонски и балкански варез :: Е-Книги и туторијали-
Отиди до:  
Free forum | ©phpBB | Free forum support | Report an abuse | Cookies | Latest discussions