Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Државната матура ќе се полага на 11 и 13 јуни Вто Апр 14, 2009 7:24 pm | |
| Матурантите ќе полагаат државна матура на 11 и 13 јуни и ќе бидат тестирани по екстерните предмети, ова е услов за упис на факултет. Августовските тестирања се на 13 и 15 август. Во четирите средни училишта во Велес има 680 матуранти. Предметите и критериумите се исти како и на ланското прво полагање. Учениците ќе бидат тестирани по два екстерни предмета што ќе ги оценува Бирото за развој на образованието. Еден од нив е задолжителен (мајчин јазик: македонски, албански или турски), а вториот екстерен предмет е изборен - математика или странски јазик (англиски, германски, француски или руски). |
|