Дарата Администратор
Број на мислења : 1766 Место-локација : Македонија - Прилеп Registration date : 2008-08-28
| Предмет: Убавина: Пронајдена сопственичката на најубавите гради Вто Јун 02, 2009 9:23 am | |
| Зад новата линија на градници на компанијата М&S, стои и рекламна кампања која го запира сообраќајот во Велика Британија. Прекрасните женски гради на фотографијата имаат ист ефект како кампањата за Wonderbra со Ева Херцигова од 1994 година. ’Квалитет вреден за секое пени’ – е слоганот на Marks&Spencer кој се обидува да ја оправда високата цена, но градите кои ги мамат воздишките успеаја да ги стават финансиските проблеми во втор план, а прашањето кое беше најактуелно во Британија, беше: Која е девојката на плакатите? Сопственичката на деколтето чии гради се покриени со свилен градник е 23 – годишната Натали Сулиман, која е заслужна за тоа што продажбата се зголемила за дури 163%. Градите кои ги гледате на плакатот се целосно природни, а за време на фотографирањето не е ставена никаква шминка. “Се што гледате е природно.“- била кратка Натали. Таа исто така признала дека била доста изненадена кога прв пат видела џамбо плакат со нејзините гради. “За малку ќе доживеев сообраќајна незгода кога прв пат ги видов своите гради на плакат. Беше неверојатно да ги видам во толкава големина, но тоа не е нешто за што треба да се бунам.“- се насмевнала таа. |
|