Отишол Блажо на Болница,и уште од вратата почнал да се дери како нездрав.
-Сакам КАСТРАЦИЈА, сакам КАСТРАЦИЈА!!!
Го гледа зачудено дежурната медицинска сестра,и на тоа викање се сожалила.
- Црни Блажо,па тоа е страшна операција, кај ти отишол паметот.
- КАСТРАЦИЈА сакам сестро, КАСТРАЦИЈА, ете тоа сакам.
Пак зела да го разубедува сестрата.
- Ама кој ти ја наполнил главата со тие будалаштини Блажо црни Блажо.
- Жена ми Мара ме испрати да ме КАСТРИРАТЕ.
Се собрало ќоро,сакато,и што ти не уште од персонал да го разубедат Блажо да не се Кастрира,ама не бива па небива, запнал Блажо КАСТРАЦИЈА па КАСТРАЦИЈА, и ништо друго,виделе невиделе дека неможат да го одвратат од таа намера,па затоа му дале документи прво да потпиши дека при здрав памет бара да го КАСТРИРААТ, потпишал документите Блажо и се разбира докторите си ја завршиле нивната работа, поминале 30 дена се враќа Блажо дома од болница, а жена му Мара уште од врата го подбрала со викање.
- Добро бре Блажо, каде си досега, знаеш ли што гајлиња фрлив на паметот мој.
На тоа зачудено Блажо.
- Како каде сум, па отидов таму каде што ме прати.
На ова зачудено му одговорила Мара.
- За една обична ВАКЦИНАЦИЈА на нашиве лекари им требало 30 дена, е јаки лекари ми ти биле тие.
На ова Блажо започнал да си ја лупа главата од ѕид.
- Вакцинацијааааа, Вакцинацијааааа!!!!!