Креативно исечени слики1. ЧекорОдберете некоја фотографија на која ќе работите.
File - Open и најдете ја сликата. Мојата можете да ја видите подоле.
2. ЧекорНа тастатурата стиснете
U за да одберете алатка за цртање на облици. На палетата за опции кликнете на
Paths, Rounded Rectangle Tool, Add to path area и на крај радиусот
10 px (ова е за обореноста на рабовите така да можете да одберете вредност која сакате).
3. ЧекорНацртајте го обликот како на сликата влечејки диагонално. Ова всушост служи да направиме одредена селекција на дел од слика.
4. ЧекорНа тастатурата стиснете
А за да одберете
Path selection tool. Тоа е црната стрелка. Со неа кликнете негде во средината во селектираниот затворен дел. На краевите ќе се појават (црни квадратчиња) што значи дека таа е одбрана.
5. ЧекорОк. Да ја олесниме работата, ќе направиме дупликат на оваа селекција. На тастатурата стиснете
alt (поред стрелката ќе се појави знам + што значи дека ќе се направи дупликат) и потоа стиснете и држете тастер
shift (он ни овозможува движење на објекото само хоризонтално и вертикално). Со маусот повлечета на една страна и направете дупликат. Одкако ќе ја направите копијата пуштете ги
Alt и Shift. Со ова направивте два идентични објекти.
6. ЧекорПошто научивте како се прави копија, направето го истотo неколку пати исполнувајќи ја целата слика.Одкако сте готови на линијата со опции штиклирајте го знакот за потврда. Линиите кои ги нацртавте ќе исчезнат али немојте да паничите ќе ги најдеме во следниот чекор.
7. ЧекорПронајдете ја палетата
Paths и стиснете на неа за да се отвори. Она обично се наоѓа во ист ред како и палетата Layers. Ок идеме понатака. На палетата Paths кликнете на
Work Path и линиите што прееска исчезнаа после оваа постапка ќе се појават,на истата оваа палета кликнете на стрелката во горниот десен агол за да го отворите скриеното мени па во него кликнете на командата
Make Selection.8. ЧекорКога ќе ви се отвори прозорчето како на сликата пишете вредност за
Feather Radius 0 pix потврдете ја опцијата
Anti-aliased и кликнете ОК.
9. ЧекорНа сликата ќе ви се појави селекција како кај мене. Ако сте направиле се како што треба нешто слично треба да имате и вие.
10. ЧекорДа се вратиме на палетата Layers. Кликнете на неа и потоа на тастатурата стиснете
Ctrl+J. Со оваа кратеница ги ископиравме селектираните делови во посебен слој и како што можете да видите на палетата се појави нов слој.
11. ЧекорКликнете на Background и потоа на тастерот
D и потоа
Ctrl+Backspace за позадината да ја обоите бела.
12. ЧекорНа сликата подоле можете да ја видете мојата крајна креација. Кај вас треба да искочи слично...т.е исто. Се понатака е ваша креативност. Јас избришав две квадратчиља за да изгледа по кративно(тоа можете да го направите со
Erase tool).